Ферари се надева дека ќе биде поконкурентен во Монца, дури и цели кон подиумот. Се чини дека максималната брзина прикажана на Зандворт ја поттикнува оваа самодоверба. Ферари ќе вложи се за добар настап на Монца. Добриот резултат ќе ги натера тифозите да простат многу работи.
Но, се чини дека не е изводливо да се размислува за Победа во сегашните околности. Третото скалило на подиумот е нешто за што тие веднаш би потпишале. Во Зандворт, Ферари имаше проблеми со потисната сила генерирана врз задното крило, и тие мораа да се одлучат за нејзино намалување.
Тоа му овозможи на Карлос Саинц Јр. да ја има најголемата брзина на трката, но жртвувајќи ги свиоците, капацитетот за забрзување, растојанието за сопирање. Во Монца можат подобро, но тоа, сигурно, нема да биде од бога дадено.
Ривалите исто така ќе одат со ниска потисна сила, па нивната максимална брзина ќе се зголеми, така што тоа нема да направи толку голема разлика.
Одлуката е донесена, во Маранело се подготвуваат да направат целосно нов болид за следната година, ќе се откажат од сегашната аеродинамиката, со "ископаните канали" на врвот на страничнитe отвори за ладење, а ќе отвори место за странични подножја инспирирани од Ред Бул.
Тоа бара поместување на страничните заштитни структури, што подразбира нова шасија, па оттука Васер зборува за целосно нов болид. Од друга страна, како тоа ќе се одрази на 2026 и новата промена на правилата. Навистина ли Ред Бул е светлосни години пред Ферари, Рено, Ауди?!?
Со ограничениот буџет, нема можност за понатамошен развој на SF-23, само суштински прилагодувања. Ако има нови работи во последниот дел од сезоната, можеби тоа ќе бидат експерименти за 2024 година.
Во овие околности, на некои патеки можеби ќе се прикажат во добро светло, на други не толку. Комплициран крај на сезоната за Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр., во која сонот да се биде втора сила во шампионатот изгледа токму тоа, сон, а можеби кошмарот да не се ни трета сила е поблиску до реалноста.
Се надеваме дека ќе се снајдат добро во Монца и ќе понудат добар резултат на Тифозите и пред се Формула 1 Шампионатот има потреба од такво нешто, чисто онака адреналински, дури и ако тоа е поради нивната историја.
Но, тимот е во лоша состојба, од возачи до стратези. Чарлс е добар возач, но не знаеме дали е шампионски материјал. Тој прикажува неверојатни блесоци на брзина, но од друга страна прави премногу грешки кога болидот не е оптимален, а така не се станува шампион.
Минатата година кога болидот беше способен за повеќе, не го форсираа како прв возач, а оваа сезона кога има далеку полош болид му дадоа приоритет на таков начин што ги уништуваат трките на Карлос Саинц Јр., кој има поголема константност, но...
Ферари со години страда поради недостаток на развојни инженери. Многупати тие започнуваат добро како 2013, 2018 или 2022 година со болиди кои можат да се борат на трките, но тука завршува нивниот развој, шема што се повторува.
Се вложуваат на Монца, но не сме сигурни дека ќе добијат нешто. Мерцедес АМГ на СПА ги претекнуваше како, да се послужиме со речникот на Алонсо, ГП2 болиди.
ФЕРАРИ ВЛОЖУВА СЕ НА МОНЦА
8/29/2023 11:16:00 AM
0
Share to other apps