Тимот на Мерцедес АМГ Петронас официјално соопшти дека Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе продолжат да возат за тимот во следните две сезони. Тандемот е поврзан од почетокот на 2022 година и секој возач продолжува со долгогодишните односи со тимот.
Луис ќе вози за тимот во сезоните 2024 и 2025 и ќе продолжи со историската врска која забележа шест титули кај шампионатот за возачи и осум тотили кај конструкторите. Откако му се приклучи на тимот, Луис забележа 82 Победи и 78 Пол позиции.
Џорџ ја продолжи врската, која првпат започна во 2017 година, до крајот на 2025 година. Тогашниот 18-годишник се приклучи на Јуниорската програма на тимот пред да напредува до Формула 1.
Откако дебитираше за тимот на Вилијамс, тој беше промовиран во тимски колега на Луис Хамилтон во 2022 година и ја забележа својата деби Победа на минатогодишната трка за Големата Награда на Сао Пауло.
Џорџ Расел: "Пораснав со овој тим откако се приклучив како дел од Јуниор програмата во 2017 година. Тоа е мојот дом и фантастично е да се продолжи нашата посебна врска до 2025 година."
"Откако минатата година се искачив во тркачкото место во Мерцедес АМГ, сакав да ја наградам довербата и вербата што Тото и остатокот од тимот ми ја дадоа. Освојувањето на мојата прва Пол позиција и Победа на трка беше незаборавно чувство."
"Сепак, уште поважно, беше одлично да се работи со сите во Бракли и Бриксворт за да напредуваме со нашиот болид и да го поттикнеме нашиот развој. Нивната лојалност, визија и напорна работа се инспиративни."
"Направивме некои значајни чекори во последните 18 месеци и само стануваме посилни како тим. Возбуден сум што ќе помогнам да продолжиме да се надоградуваме на тој моментум додека напредуваме во 2024 и 2025 година додека продолжуваме да се фокусираме на враќање на самиот врв, пред остатокот од гридот."
Луис Хамилтон: "Секојдневно сонуваме да бидеме најдобри и заедно ја посветивме изминатата деценија за да ја постигнеме таа цел. Да се биде на врвот не се случува преку ноќ или во краток временски период, потребна е посветеност и напорна работа."
"Никогаш не сме биле погладни за победа. Научивме од секој успех, но и секој неуспех. Продолжуваме да ги бркаме нашите соништа, продолжуваме да се бориме без разлика на предизвикот и повторно ќе победиме."
"Благодарен сум на тимот кој ме поддржа и на патеката и надвор од него. Нашата приказна не е завршена, решени сме да постигнеме повеќе заедно и нема да застанеме додека не го сториме тоа."
ОФИЦИЈАЛНО: ЛУИС ХАМИЛТОН ДВЕ СЕЗОНИ ВО МЕРЦЕДЕС АМГ
8/31/2023 02:51:00 PM
0
Share to other apps