Макс Ферстапен оствари доминантна победа на трката за Големата Награда на Јапонија. Холанѓанецот немаше расположен ривал на Сузука и ја забележа 48-та Победа во Формула 1, што значеше и теоретско обезбедување на конструкторската титула за Ред Бул.
Ред Бул посакуваше моќна трка по "падот" во Сингапур и тоа го направи со голем стил.
Макс Ферстапен доминираше на трката и, со својата тринаесетта победа сезонава, го направи својот тим шампион. Серџо Перез не беше на потребното ниво, не завршувајќи ја трката по хаотичниот за него прв круг на Сузука.
Одлична трка за Мекларен, тим кој очигледно беше втора сила на оваа патека.
Ландо Норис и Оскар Пјастри имаа повеќе темпо од Ферари и Мерцедес АМГ и го искористија тоа за двоен пласман на подиумот. За Австралиецот тоа беше деби пласман на победничкиот подиум во Формула 1.
Чарлс Леклер беше четврти, пред Луис Хамилтон.
Карлос Саинц Јр., мораше да се бори со возачите на Мерцедес АМГ, поради нелогичната и погрешна стратегија на својот тим и конечно заврши на шестата позиција, успевајќи да го престигне само Џорџ Расел.
Фернандо Алонсо, во трка поблиску до Алпин отколку до водечката група, беше осми пред Естебан Окон и Пјер Гасли за заокружување на освојувачите на поени.
Големата Награда на Јапонија, возена на патеката Сузука, беше 16-та трка од 2023 сезоната.
Ред Бул по лошата претстава во Сингапур сакаше да се врати во вообичаената форма, а Макс Ферстапен доминираше на сите сесии пред трката, на квалификациите беше половина секунда побрз од најблискиот ривал, во овој случај Оскар Пјастри со Мекларен.
Денешната трка изгледаше комплицирана во однос на гумите, па дури и Пирели очекуваше стратегии со две застанувања во бокс.
Стартот беше најинтересниот дел од трката. Возачите на Мекларен имаа добар старт, подобар од Макс Ферстапен и се обидоа да го престигнат Холанѓанецот во првиот свиок, но не успеаја во својата намера.
Чарлс Леклер беше четврти, а Карлос Саинц Јр., петти. По контактот помеѓу Серџо Перез и Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо се пласираше на шестото место, веднаш пред нив, но Перез мораше да ги посети своите механичари.
Понатаму, имаше контакт и меѓу Џоу Гуанју и Алекс Албон, по што стјуардите решија да го внесат безбедносното возило, поради голем број на карбонски остатоци на патеката.
Трката беше рестартирана во 5-от круг, а Макс Ферстапен го задржа водството над Ландо Норис и Оскар Пјастри. Фернандо Алонсо се обиде да изврши притисок врз Карлос Саинц Јр., но без успех. Едноставно, Астон Мартин не е на нивото на кое беше од почетокот од сезоната.
Гледавме дуел помеѓу Џорџ Расел и Луис Хамилтон, при што двајцата ги разманија местата во два наврати. Понатаму, Ботас беше погоден од Сарџент во 11-от свиок, што беше крај на трката за Финецот во Алфа Ромео.
Очекувано, Ферстапен создаде значителна разлика пред Ландо Норис во неколку круга и не му дозволи да го користи ДРС-сисиемот. Потоа следуваше период на "штедење" на пневматиците и позициите на врвот од табелата беа одржувани без никакви закани од престигнувања.
Серџо Перез, со бели гуми и на задниот дел од поредокот по влегувањето во бокс, почна да добива позиции и во деветтиот круг веќе беше на П15, но доби и казна од 5 секунди за неправилности во периодот под безбедносното возило.
Оскар Пјастри беше првиот од водечките што се упати во бокс по нов сет на пневматици, во 14-тиот круг, а токму во моментот на неговото застанување имаше период на виртуелно безбедносно возило.
Серџо Перез се обиде да го претекне Кевин Магнусен во 11-от свиок, но ги прецени можностите на РБ19 и повторно имаше контакт со болидот на Хас, по што имаше многу парчиња од неговото предно крило на патеката.
Мексиканецот, по инцидентот со Кевин Магнусен, повторно се упати кон боксот, но преку тимското радио извести дека чувствуба дена со болидот нешто не е во ред.
При рестартот на трката, Макс Ферстапен веќе имаше повеќе од девет секунди пред Ландо Норис.
Серијата на пит-стопови на водечките ја започнаа Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, во 16-от круг. Еден круг подоцна Ландо Норис и Чарлс Леклер, додека Карлос Саинц Јр. мораше да чека плус еден круг.
Единствениот кој остана на патеката беше Џорџ Расел, кој се реши да игра на стратегија со едно застанување во бокс, по неизвесната битка со Луис Хамилтон во овој прв стинт.
Откако трката се стабилизираше, Макс Ферстапен имаше огромна предност пред Мекларените. Оскар Пјастри се врати на второто место, но на половина пат од трката од Мекларен решија да ги разменат позициите за да го фаворизираат Ландо Норис кој имаше посвежи гуми.
Зад нив беа Ферари и Мерцедес АМГ, а Фернандо Алонсо, не можејќи да го престигне Естебан Окон, повторно застана во 26-от круг. Тогаш трката влезе во еден период на штедење пневматици од страна на возачите, без никакви случувања на патеката.
Џорџ Расел беше единствениот возач кој имаше поинаква стратегија. Фернандо Алонсо беше сместен меѓу болидите на Алпин, а тркачкиот инженер му пренесе да се обиде да ги избегнува рабниците, бидејќи Ленс Строл мораше да се повлече поради дефект на задното крило.
Во 35-от круг, втората серија на влегувања во бокс по нови гуми ја започнааа Чарлс Леклер и Луис Хамилтон. Оскар Пјастри влезе во 36-от, Ландо Норис го направи тоа во 37-от, во38-от Макс Ферстапен.
Карлос Саинц Јр. беше последен од нив и тоа го направи во 39-от круг,што се покажа како погрешна стратешка одлука. Шпанецот изгуби позиции во однос на двајцата возачи на Мерцедес АМГ. Додека со Расел беше очекувано, таа од Хамилтон беше чиста погрешна одлука. Шпанецот заврши на седмото место, седум секунди зад Хамилтон.
Макс Ферстапен веќе имаше чист пат до победата, но зад него имаше убави дуели. Џорџ Расел, беше лесно претекнат од возачите на Мекларен, но Британецот се обиде да ги задржи Ферарите и неговиот тимски колега, но, како одминуваше времето се појасно беше дека и тој избра погрешна стгратегија.
Чарлс Леклер го престигна со прекрасен маневар во вториот свиок и набргу потоа тоа го направија Хамилтон, по тимска наредба, и Саинц Јр. кој не доволи да биде искоритена неговата финта од минатата трка против него. Луиа Хамилтон му обезбедуваше користење на ДРС-системот.
Потоа, Макс Ферстапен комотно ја мина целта на првото место и ја забележа својата 48-ма Победа во Формула 1, вклучувајќи го и најбрзиот круг, што Ред Бул ги направи шампиони во поредокот на конструктори.
Ландо Норис беше втор, пред Пјастри и Леклер. Што се однесува до останатите, тимските наредби од Мерцедес АМГ му обезбедија 5-то место на Луис Хамилтон, со Саинц Јр. и Расел зад него. Алонсо го обезбеди осмото место, а возачите на Алпин го комплетираа Топ 10 поредокот.
МАКС РУТИНИРАНО ДО ПОБЕДАТА, РЕД БУЛ СО ШАМПИОНСКА ТИТУЛА
9/24/2023 12:26:00 AM
0
Share to other apps