СПА-Франкоршамп останува во Ф1 календарот, барем уште две сезони. Формула 1 и организаторите на настанот соопштија дека е постигнат договор до 2025 година.
Интересот на бројни земји и патеки да станат дел од календарот на Формула 1 и желбата на Либерти Медија да се прошири на нови пазари го доведе во прашање континуитетот на легендарните патеки, како што е Спа-Франкоршамп.
Континуитетот на Големата Награда на Белгија, која се одржува на оваа патека, беше сериозно загрозен, а договорите беа продолжувани од година во година, по заслуга на среќен сплет на околности. Оваа година се одржа како резултат на тоа што не се успеа во огранизирање на трка во Африка.
Сепак, денес, Формула 1 го официјализираше обновувањето на договорот до 2025 година, т.е. последната сезона од оваа генерација на Ф1 болиди.
Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1: "СПА е синоним за Формула 1, таа е една од патеките присутни во нашата прва сезона и е многу сакана од фановите и возачите, па затоа сум среќен што ќе го продолжиме нашиот однос со нив до 2025 година."
"Во последните неколку години, промоторот направи големи чекори за да го подобри искуството и инфраструктурата за фановите, а континуирано се работи на безбедноста на патеката. Би сакал да им се заблагодарам на промоторот и на Владата на Валонија за нивната континуирана поддршка."
Претседателот на Формула 1 посебно истакна дека продолжувањето на договорот е овозможено благодарение на поддршката од владата на Валонија.
ОФИЦИЈАЛНО: СПА-ФРАНКОРШАМП ОСТАНУВА ВО Ф1 КАЛЕНДАРОТ
10/13/2023 02:26:00 PM
0
Share to other apps