Големата Награда на САД е една од домашните трки за тимот на Хас. Во пресрет на тркачкиот викенд од прес-службата на тимот објавија фотографии од тркачките комбинезони кои Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ќе ги носат во Остин.
Тимот ги напушти вообичаените бели бои, а новиот дизајн користи темно сини бои, бели и црвени риги со референца на американското знаме и ѕвезди, еден од симболите на државата Тексас, чиј главен град е Остин.
Исто така, на трката за Големата Награда на Мајами во мај, возачите на Хас се натпреваруваа во специјално дизајнирани комбинезони, па да видиме дали ќе смислат нешто уникатно и за трката во Лас Вегас.
НОВИОТ ИМИЏ НА ХАС ЗА ТРКАТА ВО ОСТИН
10/13/2023 11:11:00 AM
0
Share to other apps