Големата Награда на Турција сака да се врати во календарот на Формула 1 во 2026 година.
Комплексот во кој спаѓа и патеката Истанбул Парк наскоро ќе се продава на јавен тендер и од турската автомобилистичка федерација веруваат дека новите сопственици ќе спроведат интересен и агресивен план за модернизација што ќе го привлече вниманието на Либерти Медиа.
Првата сезона со новите регулативи, 2026 година, веќе носи голем новитет во календарот како што е новата патека во Мадрид. Големата Награда на Шпанија го менува домаќинот и се сели во главниот град со нова улична трка.
Сепак, можеби тоа нема да биде единствениот град што се враќа, бидејќи и Истанбул го посакува истото. Турција дебитираше во календарот на Формула 1 во 2005 година и нејзиниот прв "стинт" во врвниот мотоспорт траеше седум сезони, до 2011 година.
По долга пауза, таа беше една од патеките што се вратија во календарот, благодарение на пандемијата во 2020 година како алтернативна дестинација, а исто така и во 2021 година како замена за Големата Награда на Јапонија.
Неодамна, компанијата Интерсити, сопственик на Истанбул Парк, се откажа од обновување на сопственоста на патеката од економски причини.
Компанијата што ќе победи на јавниот тендер ќе може да управува со патеката во следните 30 години и ТАФ сака тие да се посветат на извршување на модернизациските работи за да го привлечат вниманието на Формула 1.
Целта е да се вратат во календарот во 2026 година.
На седум настани им завршува нивниот договор 2025 година и одлично време е да се преговара со Либерти Медиа за можно враќање.
Доколку сакаат да ги задржат 24-те трки и да не ја зголемат бројката на 25 или повеќе, доаѓањето на Мадрид веќе ги принудува Либерти Медиа да не го обноват договорот со еден од домаќините на кои им завршува завршува договорот следната година.
Кина, Монца, Имола, Монако, Зандворт, Спа-Франкоршамп и Мексико се во опасност и доколку Турција тропне на врата со интересен предлог, може да испадне повеќе од еден.
ТУРЦИЈА ПОСАКУВА КАМ-БЕК ВО Ф1 КАЛЕНДАРОТ
2/18/2024 11:56:00 AM
0
Share to other apps