Сите енциклопедии велат дека тој е роден на 20 февруари 1898 година, но да ја цитираме биографијата на Ферари напишана пред повеќе од дваесет години од британскиот новинар Ричард Вилијамс.
Во изводот на родените добиен од општина Модена стои дека Енцо Ферари е роден на 20 Февруари 1898 година. Всушност, тој е роден два дена порано, а токму на денот на неговото раѓање, во градот имало снежна бура, па неговиот татко Алфредо избра да не ризикува и отишол да го регистрира бебето дури откако лошото време се смирило.
Ферари го слави овој историски за нив ден на 18 февруари и денеска го претставија новиот кратко видео со наслов "Сонот на Енцо".
Енцо имаше 24 години кога ја започна својата прва трка, натпревар на ридски патеки во близина на Парма. Во 1923 година ја освои својата прва победа, во 1929 година го основа Ферари, по што следуваа неверојатна разновидност на различни достигнувања, благодарение на што стана еден од најголемите Италијанци кои живееле во 20 век.
Страста на Енцо Ферари за моторспортот започна кога неговиот татко Алфредо го одведе него и неговиот брат да ја гледаат трката Копа Флорио во Болоња во 1908 година.
Тој ден засекогаш го промени животот на Енцо. Иако не блескаше академски, се одликуваше со својот креативен пристап, а кога работеше во работилницата на неговиот татко, покажа одлични практични вештини.
Работењето како механичар само ја подгреа неговата страст за моќни машини, автомобили, камиони и разни други возила, што помогна да ги развие неговите способности и да го мотивира да ги оствари неговите амбициозни цели.
Во 1919 година, на многу млада возраст, Енцо за прв пат се натпреварувал на трка: во Милано, тој управувал со автомобил CMN дизајниран од Уго Сивочи. Тогаш Ферари бил повикан да биде тест возач.
Следната година неколку пати се тркаше за Isotta Fraschini, но Енцо ги постигна своите најимпресивни резултати во автомобилите на Алфа Ромео, освојувајќи победи во класата на трки како што се Targa Florio, како и трките одржани во Giallarta, Mugello и Aosta.
Во 1923 година, тој по прв пат го освои целокупниот шампионат, и токму тој успех доведе до серија настани кои неповратно го променија животот на Ферари.
По таа победа го запознава грофот Барака, таткото на пилотот Франческо Барака, херој од Првата светска војна. Нешто подоцна тој го запознал со сопругата, грофицата Паолина Барака.
Според самиот Енцо, Паолина му предложила да го користи амблемот со коњчето на неговите тркачки автомобили, точно истиот амблем кој бил на авионот на Франческо.
"Ова ќе ви донесе среќа", рекла тогаш грофицата. И нејзиното предвидување навистина се оствари.
Само вистинската љубов можеше да го натера Енцо да се откаже од трките, а тоа се случи по раѓањето на Дино, неговиот најстар син.
Кога се роди Дино, Енцо Ферари се повлече од трките, завршувајќи второ место на трката околу Болоња, Пистоја и Модена на 9 август 1931 година.
Од 1932 година, Енцо, со истата страст, целосно се посвети на својата работа во Скудерија Ферари.
Тимот е создаден во 1929 година, а најпрво, од 1932 година, амблемот ги красеше автомобилите на Алфа Ромео.
Трките останаа главен приоритет за Енцо Ферари, само неговиот поглед за моторспортот се промени.
Додека Енцо беше жив, тој лично го избираше секој возач на кој му беше доверено да ги вози неговите болиди во Формула 1 и трките на издржливост.
Тој покажа неверојатна можност за процена на возачките способности, токму таков беше случајот со Ники Лауда и Жил Вилнев.
Доволно е да се запаметат само овие две имиња за да се разбере: само човек кој имал свое вистинско тркачко искуство може да види таков талент кај возачот.
Ферари, покрај останатите активности, годишнината од раѓањето на Енцо Ферари ја одбележа и со презентирање на боите на хиперавтомобилот 499P што ќе се натпреварува во шампионатот на издржливост.
Шемата на бои е во чест на Ferrari 312 PB, последниот прототип што се натпреваруваше во шампионатот во 1973 година. Црвената, која доминира на 499P е специјално дизајнирана за новата сезона и е комбинирана со жолтите акценти на Giallo Modena.
Црвената боја на каросеријата е инспирирана од болидот F2007 со кој Ферари се натпреваруваше во Формула 1 во 2007 година, но со додавање на нови елементи: тие произведуваат посјајна верзија на хиперавтомобилот што ја зголемува видливоста на болидот ноќе и во услови со слаба видливост.