Карлос Саинц Јр. беше најбрз на вториот ден од претсезонската тест сесија во Бахреин. Шпанецот беше многу солиден и убедлив во контролирањето на SF-24, со добро квалификациско и тркачко темпо.
Неговиот тимски колега, Чарлс Леклер, исто така заврши на врвот во утринската сесија која заврши рано речиси два часа порано поради проблем со одводните шахти.
Од Ферари имаат моќен магнет во болидот кој силно ги привлекува. Покрај тоа проблемот со вертикалните осцилации не е целосно решен, што ќе им одземе дел од перфомансите.
Вториот тест ден го потврди трендот, новите болиди се побрзи, доста издржливи, а односот на силите речиси не се разликува од минатата година. Финансиските регулативи ги ограничија можностите на тимовите, кои сега се обидуваат да остават одреден буџет за менување на болидите во текот на сезоната.
Тимовите се фокусираа на собирање информации за однесувањето на болидот и гумите на долги растојанија, како и досега, главно користејќи ја C3 смешата, која ќе биде најмеката на располагање за првата трка од сезоната, на истата оваа патека. Воопшто, тоа е најкористената смеша во текот на сезоната. Во исто време, Перез извозе голема километража со C1 смешата, која речиси и не се потроши.
Денешниот временски распоред беше променет поради скршена дренажна шахта во утринскиот дел од сесијата. Чарлс Леклер на 1 час и 48 минути пред крајот го оштети подот на Ферарито, кој потоа мораше да се замени.
Снимките покажаа дека Луис Хамилтон претходно помина над оваа шахта која се разлабави, а Моначанецот ја "докрајчи". Сесијата беше прекината, развеани беа црвените знамиња за да се поправи, но тоа не можеше да се направи брзо, па беше донесена одлука за предвремен крај на сесијата.
Попладневната сесија почна час порано за делумно да се надомести изгубеното време. Како резултат на тоа, вториот дел од сесијата траеше 5 часа и 10 минути, кои беа додадени за тестирање на електронските системи за контрола на трката.
Перез изгуби одредено време наутро поради прегревање на сопирачките и имаше потешкотии да стигне до боксот во втората сесија поради неочекувано губење на моќноста, но по рестартирањето на болидот повторно излезе на патеката.
Вториот тест ден помина без поголеми проблеми и многу помирно во однос на вчерашниот во однос на излетувања и дефекти на болидите. Забележително беше дека многу од болидите го имаа проблемот на вертикални осцилации, што најверојатно беше кога инженерите се обидоја да ја најдат совршената висина за одбегнување на истите.
Кон крајот на втората сесија, неколку возачи, особено тие кои нема да имаат можност да возат во утрешниот дел од попладневната сесија, излегоа на црвените гуми со мала количина гориво за да го испробаат болидот во квалификациски режим.
Најбрз од нив беше Карлос Саинц Јр., кој воедно го имаше и најбрзото време на денот, што е една и пол секунда побрзо од вчерашниот резултат на Макс Ферстапен.
Утре на програмата е последниот тест ден за 2024 сезоната, по што ќе можеме да анализираме и прогнозираме, а потврдата дали сме биле во прави или сме погрешиле ќе дојде веќе следниот петок кога ќе се одржат квалификациите за Големата Награда на Бахреин, првата трка од новата Ф1 сезона!
КАРЛОС САИНЦ ЈР. ГО ДОНЕСЕ ФЕРАРИ НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ
2/22/2024 05:55:00 PM
0
Share to other apps