Денес се одржа првиот состанок на Светскиот совет на ФИА за моторни спортови во 2024 година, на кој формално беше одобрен новиот формат за спринт викендите.
Новиот формат е следниов:
- Петок е единствениот тренинг и квалификациите за спринтот.
- Во сабота претпладне ќе биде спринтот, поладне следуваат вистинските квалификации за стартниот реодлес на неделната трка.
- Во недела останува трка.
Во 2024 година ќе има вкупно шест викенди со овој формат: во Кина, Мајами, Австрија, Остин, Сао Пауло и Катар.
Дополнително, Светскиот совет одобри измени на Техничките прописи кои дозволуваат инсталирање на уреди за ладење на возачот во случај на екстремна топлина.
Светскиот совет одобри поединечни добавувачи на сензор за ниво на масло, мерач на проток на гориво, сензори за притисок и температура за 2026 година.
Следниот состанок на Светскиот совет е закажан за 11 јуни.
Најважни ажурирања на Техничките и спортските регулативи за 2024 година.
Се зголемува распределбата на погонски единица на четири по возач за сезоните 2024 и 2025.
За неделната трка, активирањето на ДРС-системот сега ќе се очекува по комплетирање на еден круг, наспроти досегашните два круга, или по рестарт по безбедносно возило.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.