На 95 дена од последната трка во 2023 година, Формула 1 се враќа во акција овој викенд во Бахреин.
Почеток на сезона со најмногу трки досега, со враќањето на Големата Награда на Кина и трката во Имола која минатата година беше откажана поради поплави во околината.
Кристијан Хорнер беше под истрага од матичната компанија за енергетски пијалоци на Ред Бул по обвинувањата против него од страна на вработена, кои беа испитани од независен адвокатски тим.
Неизвесноста околу неговата ситуација предизвика вознемиреност кај оние блиски до тимот, а идниот партнер за мотори Форд и пиша на компанијата за енергетски пијалоци за да ја повика да го објави својот наод што е можно побрзо.
Тоа се случи денес со официјално соопштение на матичната компанија Red Bull GmbH:
"Независната истрага за наводите изнесени против Хорнер е завршена и Ред Бул може да потврди дека жалбата е отфрлена. Подносителот има право на жалба."
"Во Ред Бул се уверени дека истрагата била правична, ригорозна и непристрасна."
"Извештајот од истрагата е доверлив и содржи лични податоци на засегнатите страни и трети лица кои помогнале во истрагата, затоа нема да коментираме дополнително од почит кон сите засегнати."
"Ред Бул ќе продолжи да се труди да ги постигне највисоките стандарди на работното место."
Така, Кристијан Хорнер ќе продолжи да ја извршува функцијата тимски шеф на Формула 1 тимот на Ред Бул.
Дали се ќе заврши со ова? Не може да го обвините тимскиот шеф, да го објавите тоа јавно, да го истражите, па да го прогласите за невин и се да остане како порано? Дали сега на потег е Хорнер?
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.