Даниел Рикиардо и реновираниот тим на Торо Росо (РБ) беа на врвот на табелата за првиот слободен тренинг во 2024 година.
Австралиецот беше најбрз на премиерната сесија од дваесеттото јубилејно издание на Големата Награда на Бахреин.
Водечките тимови не направија ниту еден круг со најмеката смеша, т.е. црвените гуми.
Формула 1 тимовите се на истата патека каде што се одржа претсезонската тест сесија претходнава недела.
Времето беше поволно за работа, сончево и не многу топло, но силните удари на ветер ја отежнуваа работата на возачите.
Прв на патеката беше Нико Хулкенберг, а сите возачи ја започнаа сесијата на жолтите пневматици, фокусирајќи се на поставките и тестирање на нови елементи доколку ги имаат.
Четврта година по ред, првиот тренинг во Бахреин е продолжение на претсезонската тест сесија.
Џоу имаше проблеми со задната амортизација, при што помина релативно долго време со гаражата на Заубер, по што беше во можност да продолжи со акција на патеката.
Макс Ферстапен беше незадоволен од перформансите на менувачот. Многумина завршија надвор од патеката, но широките безбедносни зони помогнаа да се избегнат последиците.
Со секоја минута патеката стануваше побрза, но условите беа нерепрезентативни, па само неколку тима решија да се префрлат на помеките, црвени гуми, што имаше влијаеше на распоредот на табелата.
Како резултат на тоа, Даниел Рикиардо беше најбрз, но, на вториот тренинг брзините ќе се зголемат, а времињата ќе паднат. Стартот е закажан за 16:00 часот по наше време.
Генерално, првиот тренинг не ги појасни работите и ќе мора да го чекаме исходот на вториот тренинг за да добиеме подобра претстава за редоследот на гридот.
Сепак, изборот на гуми за трката стана појасен, бидејќи најверојатно оваа сабота ќе се вози само на црвени и бели гуми.
Во продолжение ги имате сите пријавени измени на болидите за првата трка од сезоната.
ТОРО РОСО НАЈБРЗ НА ОТВАРАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈНАТА ГН БАХРЕИН
2/29/2024 12:20:00 PM
0
Share to other apps