Возачите на Мерцедес АМГ доминираа на втората тренинг сесија за Големата Награда на Бахреин. Луис Хамилтон беше најбрз, а Џорџ Расел беше втор.
Фернандо Алонсо имаше добар настап и беше трет, пред Карлос Саинц Јр., Оскар Пјастри и Макс Ферстапен кој изгледаше премногу резервиран.
Вториот тренинг во Бахреин е најважен и информативен, единствен што се одвива истовремено со квалификациите и трката. Овој еден час е многу важен за возачите и тимовите.
Воздухот и асфалтот се изладија, грипот се подобри, што беше помогнато и од сесиите од споредните шампионати што се одвиваат на истатата патека.
Возачите го искористија целосниот потенцијалн на црвените гуми за да го покажат брзинскиот потенцијал на нивните болиди за прв пат во кратки серии кругови со мала количина на гориво, а потоа се префрлија на долги кругови, исто така на црвените пневматици.
Валтери Ботас е првиот возач кој е под истрага на стјуардите поради напуштање на својата гаража пред да светне зелено светло.
Леклер се пожали дека го оштетил подот со излетувањето надвор од патеката, Магнусен беше незадоволен од подуправувањето, на Ферстапен не му се допадна кацигата која пропуштапе воздух повеќе од потребното, но генерално сесијата помина без проблеми.
Сепак, ако ги да погледнеме долгите стинтови, Ред Бул ја има предноста, е сега дали го криеја квалификациското или не, е друго прашање, но ја покажаа својата супериорност во тркачко темпо. По десет круга, и двајцата нивни возачи се уште можеа да возат во рамките на 1:36 или ниски 1:37.
Додека ја следевме тренинг сесијата многу телефони во Ф1 падокот започнаа да примаат инкриминирачки информации за тимскиот шеф на Ред Бул.
Кристијан Хорнер стана протагонист на зимскиот распуст откако се дозна дека Ред Бул спроведува интерна истрага против него поради наводно недолично однесување.
Како што стана јавно познато, вработена во тимот го пријавила за наводно несоодветно однесување, поточно, испраќање пораки со сексуална содржина.
Во пресрет на Големата Награда на Бахреин, брендот за енергетски пијалоци ја објави долгоочекуваната разрешница, со која се отфрли жалбата. Случајот изгледаше затворен, но денес Британецот повторно е во центарот на вниманието и повторно за истите обвинувања.
Според извештаите, анонимно била дистрибуирала Google Drive папка со повеќе докази за случајот. Но, овие докази не стигнаа само до новинарите, туку допреа и до тимските шефови и други високи функционери на ФОМ. Вкупно, повеќе од 200 внимателно избрани приматели.
Засега, никој не ги објавува примените материјали во јавноста, бидејќи не се знае дали доказите се вистински или фалсификувани. Чувството во Ф1 падокот е дека некој е упорен да стави крај угледот и со тоа кариерата на Хорнер.
Кристијан Хорнер издаде кратка изјава како одговор на вечерашното протекување на информации:
"Нема да коментирам анонимни шпекулации, но да повторам, секогаш ги негирав наводите."
"Го почитував интегритетот на независната истрага и целосно соработував при секој чекор од постапката."
"Тоа беше темелна и правична истрага спроведена од независен адвокатски тим и заврши со отфрлање на поднесената жалба. Останувам целосно фокусиран на почетокот на сезоната."
МЕРЦЕДЕС АМГ НАЈБРЗ ВО БАХРЕИН, ДАЛИ НАЈАВИ КРАЈ НА ДОМИНАЦИЈАТА НА РЕД БУЛ?
2/29/2024 03:39:00 PM
0
Share to other apps