Луис Хамилтон се огласи на социјалните мрежи и подетално ја прокоментира одлуката за промена на тимовите, што предизвика толку бурни реакции во светот на мотоспортот, надополнувајќи ги неговите зборови кои беа објавени во официјалното соопштение на Мерцедес АМГ.
"Последниве неколку дена беа лудница и полни со различни искуства. Како што сега знаете, по 11 неверојатни години со тимот на Мерцедес АМГ, време е да го започнам следното поглавје од мојот живот, па во 2025 година ќе се преселам во Ферари."
"Се сметам себеси за многу среќен: со Мерцедес АМГ постигнав резултати за кои можев само да сонувам во младоста, но сега имам можност да остварам уште еден детски сон. Да бидам зад воланот на црвениот болид - Ферари."
"Ова беше најтешката одлука што некогаш сум морал да ја донесам, бидејќи моето партнерство со Мерцедес започна кога имав 13 години и одигра огромна улога во мојот живот. Многу сум горд на она што го постигнавме заедно и многу им благодарам на сите со кои работев за нивната напорна работа и посветеност на заедничката кауза."
"Секако, благодарен сум на Тото Волф за неговото пријателство, за неговото менторство и водство. Заедно освоивме титули, поставивме рекорди и тоа стана најуспешното партнерство меѓу возач и тим во историјата на Формула 1."
"Се разбира, не можам да го заборавам Ники Лауда, кој навистина ме поддржуваше и кој сè уште ми недостасува. Исто така, морам да нагласам дека имам најголема почит кон целокупното раководство на Мерцедес-Бенц и воопшто кон сите што работат за оваа компанија во Германија и во светот за поддршката што ми ја даваа овие 26 години."
"Но, сега дојде моментот кога треба да променам нешто и да преземам нов предизвик. Сè уште се сеќавам на чувството да скокнам во непознатото што го доживеав кога првпат се преселив во Мерцедес АМГ во 2013 година. Знам дека тогаш не сите ја сфатија мојата одлука, но јас тогаш ја направив вистинската работа и сега се чувствувам исто."
"Возбуден сум да видам што можам да постигнам со нови можности. Сепак, не размислувам за 2025 година во моментов. Фокусиран сум на подготовките за претстојната сезона, кога повторно ќе возам болид на Мерцедес АМГ."
"Мојата мотивација е посилна од било кога, сум во одлична физичка форма и сакам да му помогнам на Мерцедес АМг повторно да победува. Јас сум 100% посветен и решен да дадам се од себе за да се осигурам дека мојата соработка со овој тим е успешна."
"Им благодарам на сите што го поминавте овој пат со мене, сите ми помогнавте да ги остварам моите соништа и се надевам дека сепак можам да ви дадам причини да се гордеете. Како и секогаш, на сите им ја испраќам мојата љубов и позитивна енергија."
ХАМИЛТОН: ВРЕМЕ Е ЗА НОВ ПРЕДИЗВИК
2/03/2024 09:12:00 PM
0
Share to other apps