Првиот состанок на комисијата на ФИА за Формула 1 во 2024 година се одржа денеска, 5 февруари, во канцелариите на Формула 1 Менаџмент, Лондон.
Со состанокот претседаваа директорот на ФИА за едноседи, Николас Томбазис и претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Под дискусија беа теми, вклучувајќи го форматот за Спринт викендите за 2024 сезоната и понатаму, по опциите презентирани од Спортскиот советодавен комитет.
Клучни точки за дискусија и одлуки.
По претходна поддршка од Комисијата на ФИА за Формула 1 за ажурирање на Спринт Викендите, беше постигнат договор за нов распоред на сесиите и тоа:
За да стапат овие промени во сила треба да бидат претставени и одобрени од Светскиот совет за моторспорт на 28 февруари.
Ажурирања на Техничките и спортските регулативи
Беше договорен предлог за зголемување на распределбата на погонски единица на четири по возач за сезоните 2024 и 2025.
За неделната трка, активирањето на ДРС-системот сега ќе се очекува по комплетирање на еден круг, наспроти досегашните два круга, или по рестарт по безбедносно возило.
Се разговарало и за голем број теми поврзани со регулативите за 2026 година, особено финансиски прашања и прашања за одржливост.
Други мали ажурирања на Техничките, спортските и финансиските регулативи од 2024 година беа одобрени од Комисијата.
ПРЕДЛОЖЕН НОВИОТ СПРИНТ ФОРМАТ
2/05/2024 07:46:00 PM
0
Share to other apps