Мекларен го презентираше својот нов 2024 болид, кој ја носи ознаката MCL38, без некој поголема помпа, туку само со едноставно објавување материјали на официјалната веб-страница.
Веднаш потоа болидот беше испробан на патеката Силверстоун, како дел од филмски ден со учество на двајцата возачи, а следната недела ќе се тестира во Бахреин.
Интересно е што денес, на истата патека, беше презентиран и испробан новиот болид на Мерцедес АМГ, но двата тима беа во различни гаражи и кориостеа различни конфигурации на патеката, без да имаат меѓусебен контакт.
Зак Браун, извршен директор на Мекларен: "Чест ми е да го презентирам нашиот болид за новата сезона, MCL38, денес во Силверстоун."
"Прекрасно е да се види новиот болид на патеката, бидејќи неговиот изглед беше резултат на интензивна и тимска работа од сите во тимот."
"Фантастичната работа во Формула 1 е колку овој спорт е конкурентен, така што мораме да останеме реални дека секој тим ќе напредува во вонсезоната."
"Вистинскиот тест дали сме направиле чекори во вистинската насока ќе бидат квалификациите во Бахреин."
"Сите сме возбудени што се враќаме на тркањето, но ни претстои долга сезона со многу работа за да го надградиме напредокот постигнат во 2023 година."
Андреа Стела, Тимски шеф: "Нашиот тим е воодушевен што го презентираше MCL38 и денес го видовме на патеката за прв пат."
"Додека се подготвуваме за 2024 година, се обидуваме да го надградиме моментумот што го добивме минатата сезона, но остануваме реални бидејќи знаеме дека сите тимови се подобруваат и нивните нови болиди ќе бидат конкурентни."
"Мекларен заврши со надградба на инфраструктурата, има одлични специјалисти, а тимот има посебна работна култура, така што ќе продолжиме со она што го започнавме, ќе продолжиме да работиме за да се вратиме на врвот."
"Има уште многу да се направи пред почетокот на трките, вклучително и предсезонско тестирање во Бахреин каде ќе видиме за што е способен новиот болид."
"Тимот заврши добра работа во зимскиот период и уверени сме дека се ќе биде добро, но разбираме дека пред почетокот на сезоната мора да се завршат голем број важни задачи."
"MCL38 вклучува голем број иновативни решенија, но не сите области на кои се фокусираме беа завршени до моментот кога беше претставена првата верзија на шасијата."
"Ќе продолжиме да работиме на овие области како што сезоната напредува, а развојот на MCL38 е веќе започнат."
"Сега е време да го свртиме вниманието кон долгата сезона пред нас и веќе се радуваме на тестирањето во Бахреин, кое започнува следната недела."
Возачката постава остана иста, и во новата сезона Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе го возат болидот во препознатливата папаја боја.
Ландо Норис: "Многу сум возбуден што ќе седнам зад воланот на MCL38 и ќе го тестирам. Однадвор, болидот изгледа одлично, одлично е што денес можам да го возам на патеката."
"Со нетрпение го очекувам почетокот на тестирањето во Бахреин. Уверен сум во тимот дека по успешната сезона ќе продолжиме да напредуваме, но ќе можеме да го процениме односот на силите само врз основа на резултатите од квалификациите за првата трка."
"Се вратив во нашата база пред неколку недели и имав напорна работа на симулаторот, заедно со нашите инженери, за да се уверам дека сме целосно подготвени за следната недела."
Оскар Пјастри: "Одлично е што денеска ќе го тестирам болидот на патеката. MCL38 е важна пресвртница во нашиот развој, навистина ми се допаѓа неговото обојување, но односот на силите ќе можеме да го процениме за време на првиот тркачки викенд од сезоната."
"Направивме се што е можно за да се подготвиме што е можно подобро, работејќи на симулаторот, комуницирајќи со оние специјалисти кои го дизајнираа, изградија и ќе управуваат со неговиот понатамошен развој."
"Со нетрпение очекувам неколку напорни недели за да ја започнам напорната сезона. Многу сум возбуден што ќе ја започнам мојата втора сезона во Формула 1."
Претходно, на 16-ти Јануари, преку социјалните мрежи тимот го презентираше новиот "дрес" на MCL38 за 2024 сезоната.
Тој претставува продолжување на дизајнот од 2023 година, каде папаја портокаловата боја на Мекларен и црна антрацит се доминантните бои, со вградени хромирани детали, како што е бројот на возачите, кој ќе се појавува во сребрена боја во чест на еден од спонзорите - COOGLE CHROME.
Минатата година, болидот на тимот беше именуван MCL60 во чест на 60-годишнината од основањето на Мекларен. Сега британскиот тим се врати на традиционалното нумерирање.
МЕКЛАРЕН MCL38 - ДОБРА ОСНОВА ЗА ИНОВАТИВНИ НАДГРАДБИ
2/14/2024 02:36:00 PM
0
Share to other apps