Макс Ферстапен ја започна 2024 сезоната без изненадувања, беше најбрз на квалификациите за Големата Награда на Бахреин.
Холанѓанецот го победи Чарлс Леклер за две десетинки и ја забележа неговата 33-та Пол позиција во кариерата.
Ред Бул не беше водство на нити една тренинг сесија, нити во Q1 и Q2, во кои Ферари беа многу конкурентни.
Но, Макс Ферстапен, со "мини слипстрим" вклучен во неговиот последен круг од Q3, беше најбрз и ќе ја започне првата трка од сезоната на првата позиција.
Чарлс Леклер беше навистина блиску, но не успеа да го победи. Моначанецот забележа побрзо време во Q2 кое ќе беше доволно да се победи Ферстапен, но тој не успеа да го повтори.
Џорџ Расел, со добра разлика во однос на Луис Хамилтон, се пласираше на третата стартна позиција, пред Карлос Саинц Јр. кој мораше да се задоволи со четвртата, а останува впечатокот дека возачите на Ферари можеа и мораа да направат многу повеќе.
Серџо Перез заостана многу зад својот тимски колега и ќе го дели третиот стартен ред со Фернандо Алонсо кој од своја страна уште еднаш лесно го победи Ленс Строл, кој не успеа да се пласира во финалниот сегмент.
Шпанецот беше на 57 илјадитинки од третото место со болидот на Астон Мартин кој не изгледаше толку силен на претсезонската тест сесија.
Треба да се напомене дека разликата од 2-9 место е минимална и сите возачи се распоредени во само 3 десетинки.
Се чини дека изедначеноста стигна во Формула 1, и секоја најмала грешка или не целосно форсирање на болидот скапо се плаќа, како што денеска видоа Ландо Норис, П7, Оскар Пјастри, П8 и Луис Хамилтон, П9.
Акцијата продолжува со трката за Големата Награда на Бахреин која е закажана за утре, САБОТА, 16:00 часот по Македонско време.
МАКС ФЕРСТАПЕН "НЕОЧЕКУВАНО" ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
3/01/2024 04:54:00 PM
0
Share to other apps