Договорот на Карлос Саинц Јр. со Ферари завршува на крајот од оваа сезона, по што на негово место ќе дојде Луис Хамилтон.
Шпанецот веќе кажа дека размислува за различни опции за 2025 година, а според италијанскиот Кориере дело спорт, неговите менаџери започнале преговори со Мерцедес АМГ.
За време на трката за Големата Награда на Саудиска Арабија во Џеда, неговиот татко Карлос Саинц Сениор и менаџерот Карлос Ороно беа забележани како ги посетуваат тимските простории на Мерцедес АМГ, каде се задржаа подолго време во разговор со тимскиот шеф.
Тото Волф во неколку наврати изјави дека нема да брза да најде замена за Луис Хамилтон, бидејќи сака да ги разгледа сите можни опции. Тој дури и не исклучува преселба на Макс Ферстапен, но во моментов се верува дека токму Карлос Саинц Јр. ја предводи листата на потенцијални тимски колеги на Џорџ Расел за следната сезона.
КАРЛОС САИНЦ ЈР. ЗАПОЧНА ПРЕГОВОРИ СО МЕРЦЕДЕС АМГ
3/14/2024 01:03:00 PM
0
Share to other apps