Ландо Норис најдобро се снајде на дождот во Кина и беше набрз на спринт квалификациите за Големата Награда на Кина.
Британецот победи тројца шампиони, а првиот стартен ред за спринтот ќе го дели со Луис Хамилтон, кој во еден момент помисли дека конечно ќе биде на првата позиција, но избришаното време на Норис беше вратено од страна на стјуардите.
Фернандо Алонсо беше трет, и ќе го дели вториот ред со Макс Ферстапен, пред Карлос Саинц Јр. и Серџо Перез на третиот.
Како и минатата година на таканаречената Спринт престрелка, која се одржуваше во сабота наутро наместо петок попладне, времетраењето на сесиите беше 12, 10 и 8 минути.
Во SQ1, немаше изненадувања, иако Џорџ Расел се спаси во последен момент од отпаѓање. Серџо Перез беше најбрз. Елминарирани беа двата болиди на Вилијамс, со Алекс Албон пред Логан Сарџент, двата болиди на Алпин, со Пјер Гасли пред Естебан Окон.
Петтиот кој ги придружуваше беше Јуки Цунода, кој имаше многу разочарувачки настап на оваа прва важна сесија викендов. По првпат загуби од Даниел Рикиардо во досегашниот тек од сезоната.
Како и првиот тренинг, поторно имаше пожар на тревата покрај шестиот свиок, што доведе до одложување на почетокот на SQ2.
Со 60% шанси за дожд, сите нестрпливо беа наредени во пит-линијата за почетокот на вториот сегмент од денешните спринт квалификации.
Дождот се појави на крајот од SQ2 и тоа доведе до интересен редослед и пласман на возачите на Заубер во финалниот сегмент.
Џорџ Расел и најбрзиот на единствената тренинг сесија, Ленс Строл, беа губитниците, додека нивните тимски колеги лесно се пласираа во најбрзите 10 возачи.
Немоќни за нешто повеќе беа и возачите на Хас, Кевин Магнусен пред Нико Хулкенберг и Даниел Рикиардо со болидот на РБ.
Овој пат Ферстапен беше најбрз, а Чарлс Леклер ги подели двата болиди на Ред Бул.
Дождот стануваше се посилен па финалната пресметка во SQ3 сесијата се одвиваше на зелените интермедија пневматици на Пирели и со полни резервоари за повеќе кругови.
Првиот круг беше претпазлив, за сите, освен за Хамилтон, кој тргна со сите сили од самиот почеток. Британецот стартуваше подоцна од останатите и првиот круг му донесе водство. Само Норис го надмина времето на Луис, иако кругот на младиот Британец беше избришан, за повторно да биде вратен.
Таа одлука на стјуардите му ја донесе заслужената прва позиција на Ландо Норис за утрешниот спринт. Тој беше единствениот кој ризикуваше повеќе од потребното, но и болидот на Мекларен беше подесен со повеќе потисна сила, нешто што може да се покаже негативно, доколку спринтот се одвива на сува патека.
Хамилтон беше најдобар од тројцата шампиони, со два одлични круга, кои не беа доволни за да го победи Мекларенот. Алонсо ќе стартува трет, Ферстапен четврти.
Карлос Саинц Јр. повторно го победи својот тимски колега, кој кога е најважно за малку ќе го уништеше својот болид, но за среќа неговото излетување заврши само со мал контакт со заштитните бариери.
Серџо Перез заврши шести, пред Леклер на седмата и Оскар Пјастри на осмата позиција. Двајцата возачи на Заубер го комплетираа Топ 10 поредокот, со Ботас деветти, пред Гуанју, десетти.
ЛАНДО НОРИС ЈА НОКАУТИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈАТА
4/19/2024 08:54:00 AM
0
Share to other apps