Петта година по почетокот на пандемијата на коронавирусот, Формула 1 се врати во Кина и веднаш со новиот формат на спринт викенд. Новата генерација на болиди сè уште не се возени во Шангај.
Имаше многу непознати, па на единствената тренинг сесија викендов патеката не беше без акција на патеката. Имаше и непознаници во врска со асфалтот. Организаторите премачкаја некои делови со некој вид боја со битуменска основа, па возачите беа загрижени дека тоа ќе ја направи патеката премногу лизгава.
ФИА мораше да даде официјална изјава дека бојата е сертифицирана и дека нема да претставува некоја опасност. Но, на почетокот на сесијата сите се жалеа на недостаток на грип.
Џоу Гуанју, првиот и единствен кинески Формула 1 возач што вози за тимот на Заубер, беше еден од првите што излезе на патеката. По изминати 15 минути сесијата беше прекината со црвени знамиња, тревата се запали покрај седмиот свиок, а додека да дојде маршалот со противпожарен апарат, веќе беше изгорена мала површина.
Гасли мораше да излезе од кокпитот поради проблеми со изолацијата на батериите. Алонсо и Пјастри имаа "излет" низ безбедносните зони без последици по болидите о тренинг сесија без поголеми проблеми.
Каков заклучок може да се извлече од првата и единствена тренинг сесија? Одогворот е никаков. Делумно затоа што има целосна дисперзија во употребата на гума. Ферари изненади со користење само на црвените гуми.
Одредени тимови ги ставија во последен момент. А има и такви кои повеќе работеа со жолтите. Пјастри беше единствениот што ги користеше сите три смеши.
Можеби единственото нешто што е јасно е дека времињата беа многу, многу далеку од претходната посета на Кина во 2019 година. Пол позицијата таа година му припадна на Валтери Ботас со 1:31.547, целосен контраст со времето на Строл денес, 1:36.302. Тоа време во овој момент не само што изгледа неспоредливо, туку и на кое нема да можат ни да му се доближат.
Според тоа, спринт класификациите ќе бидат многу интересни. Никој не можеше да ги покаже своите карти, никој не можеше да работи како треба за да биде сигурен дека ќе ја стави под контрола појавата на "грејнинг" која е значителна на оваа патека.
Тимовите имаат време до почетокот на следната сесија да ги "погодат" вистинските подесувања на болдите кои ќе важат до крај на утрешниот спринт.
ЛЕНС СТРОЛ НАЈБРЗ НА ЕДИНСТВЕНАТА ТРЕНИНГ СЕСИЈА ВО КИНА
4/19/2024 08:35:00 AM
0
Share to other apps