Неколку интересни статистички забелешки врз основа на резултатите од Големата Награда на Јапонија
КВАЛИФИКАЦИИ
Макс Ферстапен ја забележа 36-тата Пол позиција во кариерата, негова четврта во оваа сезона и петта по ред. Седма трка по ред стартуваше од првиот ред.
Серџо Перез се квалификуваше втор и стартуваше од првиот ред во Сузука за прв пат во кариерата. По 27-ми пат во историјата, возачите на Ред Бул го обезбедија првиот стертаен ред, но само трет со Ферстапен-Перез на него.
Третото старно место на Ландо Норис беше повторување на неговиот најдобар резултат во сезоната, тој исто така стартуваше трет во Австралија. Карлос Саинц Јр. се квалификуваше како четврти во трите трки на кои настапи оваа сезона.
Петтата стартна позиција на Фернандо Алонсо е неговиот најдобар резултат во Сузука во последните десет години. Седмото место на Луис Хамилтон е неговиот најдобар резултат сезонава. Втора година по ред стартуваше седми во Сузука.
Чарлс Леклер се квалификуваше осми, негов најлош старт во Сузука во Ферари. Деветтото место на Џорџ Расел е неговиот најлош резултат во квалификациите оваа сезона.
Даниел Рикиардо со П11 го имаше неговиот најдобар квалификациски резултат оваа сезона. Откако се квалификуваше на П13, Валтери Ботас го повтори својот најдобар резултат во сезоната.
Со П15 и П17, возачите на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли, го повторија својот најдобар резултат во сезоната.
ТРКА
Победата на Макс Ферстапен на ГН Јапонија беше негова 57-ма во Формула 1 шампионатот и трета во сезоната. Ферстапен ја забележа третата последователна Победа во Сузука, подвиг што претходно го има забележано само Михаел Шумахер.
Ова е негова триесетта победа во кариерата со старт од Пол позиција. Ферстапен има поминато 3.000 кругови во водство, само зад Себастијан Ветел, 3.501 круга, Михаел Шумахер, 5.111 круга, и Луис Хамилтон, 5.455 круга.
Серџо Перез заврши на второто место, качувајќи се на победничкиот подиум по 38-ми пат во кариерата и го врати второто место во генералниот пласман на возачи. Следен во ова рангирање е Фелипе Маса со 41 подиум.
Ред Бул ја забележа 31-вата двојна победа, четврта во Сузука и втора на последните три трки за ГН Јапонија. Тимот е на петтото место по бројот на 1-2 Победи. Следен тим на ова рангирање е Вилијамс со 33 двојни победи.
Ниту една сезона во Формула 1 не започнала со четири последователни двојни победи со различни конструктори, три за Ред Бул и една за Ферари. Карлос Саинц Јр. заврши трет и по трет пат се искачи на подиумот во четирите трки оваа сезона (на едната не настапи).
Ова е 21-ви пласман на победничкиот подиум во кариерата на Шпанецот. Следни во ова рангирање се Рене Арну со 22 и Жак Вилнев со 23 подиуми. ГН Јапонија беше 150-та завршена трка за Карлос Саинц Јр..
Чарлс Леклер по втор пат оваа сезона заврши на четврто место. Оваа сезона, Моначанецот не заврши пониско од четвртото место на ниту една трка. Ова е негово второ последователно четврто место во Јапонија.
Ландо Норис ја заврши трката како петти, завршувајќи 10 секунди подалеку зад Ферстапен од минатата година кога се искачи на второто скалило на победничкиот подиум.
Шестото место на Фернандо Алонсо е негов најдобар резултат во Сузука од 2013 година. Џорџ Расел заврши на седмото место во Сузука втора година по ред. Ова е 90-та трка која ја завршува.
Неговиот тимски колега Луис Хамилтон заврши надвор од Топ 5 пласман во Сузука за прв пат откако Ф1 се префрли на хибридни турбо мотори.
Завршувајќи 10-ти, Јуки Цунода стана првиот јапонски возач кој освоил поени на својата домашна патека по Камуи Кобајаши, кој заврши трет во 2012 година. Завршувајќи 14-ти, Валтери Ботас го повтори својот најдобар резултат оваа сезона.
Во Сузука, механичарите на Ред Бул го направија најбрзиот пит-стоп, сервисирајќи го болидот на Макс Ферстапен во 34-от круг за 2.08 секунди. Ова е најдобриот пит-стоп оваа сезона.
Вкупно, тимовите направија 36 застанувања во бокс во текот на трката. Најдолгиот пит-стоп го имаше Џоу Гуанју во 11-от круг, кога тимот се обиде да ја разбере причината за дефектот на менувачот.
2024 ГН ЈАПОНИЈА: ИНТЕРЕСНА СТАТИСТИКА
4/09/2024 11:03:00 PM
0
Share to other apps