Според последните глaсини од Германија, Макс Ферстапен и неговите претставници ќе се сретнат со менаџментот на Мерцедес АМГ по трката за Големата Награда на Мајами за да преговараат за негово евентуално преселување веќе во 2025 година.
Тимот од Брекли го сакаат трикратниот шампион во своите редови по секоја цена и би биле подготвени да му понудат 150 милиони евра, амбасадорски договор, па дури и да го земат Хелмут Марко во комплет.
Периодот по трката во Мајами и таа во Емилија Ромања може да донесе многу сензационални вести на трансфер пазарот, во една од најбурните години на сите времиња од овој аспект.
Самиот Макс се очекува да биде вклучен во преговорите, заедно со неговите двајца луѓе од доверба, неговиот татко Јос Ферстапен и неговиот менаџер Рејмонд Вермулен.
На страната на Мерцедес АМГ ќе бидат трите големи фигури на брендот, извршниот директор на групацијата Дајмлер, Ола Калениус, најголемиот акционер на INEOS, Сер Џејмс Ретклиф и лидерот на тимот и сопственик на третина од тимот, Тото Волф.
И покрај тоа што има договор со Ред Бул до 2028 година, Ферстапен може да ја активира својата излезна клаузула во случај советникот за моторспорт на брендот, Марко, повеќе да не е со нив. Австриецот, нема да му застане на патот на Макс и можеби Мерцедес АМГ може да го ангажира во случај актуелниот шампион да замине во Брекли.
Од отворањето на истрагата против Кристијан Хорнер за наводно несоодветно однесување, тензиите и гласините го зафатија Ред Бул кој продолжува да доминира на патеката.
Секако, најновите гласини дека Адријан Њуи наскоро ќе го напушти тимот јасно покажуваат дека атмосферата во тимот е многу напната.
Ако Ферстапен му се приклучи на тимот, Мерцедес АМГ би имал возач што одлично зборува германски јазик. Тоа е дополнителен поттик за ѕвездената марка, освен на патеката, тој да биде искоритен како бренд амбасадор надвор од неа.
Во преговорите, Ферстапен исто така јасно ќе ги каже своите барања, а едно е Мерцедес АМГ да ги подобри своите перформанси на патеката за да има шанса да се бори за победи во 2025 година.
Покрај тоа, тој сака Волф да се обиде да привлече инженери од висок калибар од тимот на Ред Бул. Иако Ред Бул е најдобрата опција за освојување на дополнителна шампионска титула во 2025 година, Ферстапен сака да гледа подалеку и за него најважна е атмосферата во тимот.
Одделот на Ред Бул за погонски единици останува вистинска мистерија и покрај неговата поврзаност со Форд, а успехот на Мерцедес АМГ со хибридните погонски единици звучи како поубедлива опција за успех од 2026 година.
Но, Ред Бул покажа дека само добар мотор не е доволно за успех во Ф1. Со последната регулаторна промена на шасијата, Мерцедес АМГ со години губи на ова поле.
Она што му се случува на Мерцедес АМГ е тоа што им се случи на неколку тимови во историјата на Ф1 по подолг период на доминација, влегувајќи во спирала на опаѓање.
Веќе не е истиот тим од славните денови, тие изгубија многу клучен персонал од тие денови и очигледно денес не ја разбираат добро аеродинамиката на сегашните болиди, што не е многу добар знак за тоа што доаѓа со новите промени.
МАКС ФЕРСТАПЕН НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА СО МЕРЦЕДЕС АМГ
4/27/2024 12:37:00 PM
0
Share to other apps