Трката за Големата Награда на Јапонија никогаш не се одржала толку рано во годината, но со доаѓањето на Либерти Медија, традицијата е заменета со оптимизација.
Календарот повторно беше изменет, и традиционално есенската јапонска трка стана пролетна за прв пат во историјата на овој шампионат. На почетокот на април во Сузука времето е постудено и врнежливо.
Пирели традиционално ги избира најтврдите смеши, така што проблемите со загревањето не можат да се избегнат.
Последното Јапонско ГП се одржа пред само шест месеци. Во 2023 година, трката пред Сузука ја освои Карлос Саинц Јр., а возачите на Ред Бул имаа неуспешен настап. За оваа година ситуацијата се повтори.
Но, тогаш токму во Сузука сè се врати во својата вообичаена динамика. За време на минатогодишниот викенд во Јапонија, Макс Ферстапен водеше во сите сесии, а Ред Бул ја осигура шампионската титула.
Досега Макс Ферстапен беше најбрз на сите сесии на кои настапи, му останува уште неделната трка.
Во Формула 1 сакаат само победници. Јавноста навива за нив, спонзорите ги поддржуваат, а сопствениците и менаџерите на тимовите сонуваат да ги имаат во своите редови. Победникот зема се!
Односот на повеќето фанови, можеби со исклучок на Јапонија, кон оние кои не победуваат е со почит, но без силни симпатии, освен ако не се работи за локален возач кој се натпреварува на неговата домашна патека.
Но, има многу мала група на возачи кои ретко победуваат, но скоро секогаш се опкружени со љубов и сечие внимание. Еден од нив е Даниел Рикиардо, за кого оваа сезона можеби ќе биде последна.
Минатата година во Унгарија седна зад воланот на АлфаТаури, заменувајќи го Ник де Врис, кој беше отпуштен во текот на сезоната. Хелмут Марко беше задоволен од резултатите, но оваа година проблемите се вратија.
По три изминати трки, Даниел е инфериорен во однос на не најбрзиот Јуки Цунода со 0:4 во квалификациите и се уште нема освоено бодови. Тоа е доволно да започнат гласините дека на Даниел му недостасува брзина, а новата надеж на Марко, Лиам Лосон, само чека прилика да го замени. Дали Австралиецот ќе успее да се справи со овој проблем.
Од 2015 година, стартното време на трката во Јапонија е поместено за еден час, т.е. два часот попладне по локално време, т.е. 07:00 часот по Македонско време.
Од Пирели за претстојното Јапонско Гран При ги донесоа трите најтврди смеши Ц1, Ц2 и Ц3. Со оглед на комплексноста за претекнување на патеката, тимовите внимателно ќе ги проценат опциите за да добијат стратегиска предност.
Инженерите на Пирели најавуваат дека најдобрата стратегија за трката треба да биде стратегијата со две застанувања во бокс.
Абењето на гумите на патеката Сузука е високо, особено со невообичаено топлото време овој викенд. Од Пирели веруваат дека возачите поголемиот дел од трката ќе го извозат на белите гуми.
Но, вреди да се напомене дека денешното време за пол позицијата беше речиси седум десетинки подобро од најбрзото време на квалификациите од пред шест месеци.
Ова зголемување на перформансите, во услови кога се користат гуми со исти спецификации како во 2023 година, се должи на пониските температури, околу 12 степени, како и очигледното подобрување на овогодинешните болиди во однос на минатогодишните.
Марио Изола, Пирели: "На една од најпребирливите патеки за возачите и болидите, бевме сведоци како Ферстапен и Ред Бул доминираат на квалификациите и за прв пат по повеќе од една година, двајцата возачи на тимот се на првиот стартен ред."
"Затоа, постои нделната трка имаме јасен фаворит, но сè уште има многу непознати фактори во игра, почнувајќи од стратегијата. И покрај тоа што е значително поладно отколку на минатогодишната трка, деградацијата е сè уште особено значајна и затоа, теоретски најбрз начин да се помине трката е со две застанувања во бокс."
"Поинаква е приказната кога станува збор за пермутациите помеѓу достапните смеши, особено затоа што црвените, кои не беа земени во предвид минатата година, може да бидат вистинската опција годинава, особено во првиот стинт, за оние кои сакаат да имаат поголема брзина во почетните кругови."
"Друг фактор за нивни избор е што претекнувањето е сè освен лесно на оваа патека и, како што видовме досега оваа сезона, сегашната генерација на болиди се повеќе страдаат од нестабилност при следење на друг болид, што го прави претекнувањето уште покомплицирано, дури и со голема предност во брзината."
"Undercut, т.е. пораното застанување во бокс од својот противник, за да се искористи максимумот од перформансите на гумите во првите неколку круга е многу ефикасно овде и дефинитивно ќе биде фактор."
"Најбрзата стратегија се заснова на користење на црвените и белите гуми, но некои тимови, како што се Ферари, Ред Бул и Астон Мартин, како и Магнусен, кои имаат на располагање само еден сет на белите гуми, ќе мора да пробаат нешто друго."
"Тие би можеле да се одлучат да ги отфрлат црвените гуми, во корист на жолтите, кои се покажаа конкурентни на тренинг сесиите, или би можеле да ги користат сите три смеши. Сето ова се надоврзува на она што треба да биде интересна трка од почеток до крај."
Во петокот врнеше дожд, но денес имавме сува патека. Прогнозата за недела предвидува минимални шанси за врнежи од дожд во Сузука за време на трката.
Кога возачите ќе се наредат на стартниот грид, 14:00 по локално време, прогнозата најавува променливо облачно небо и температури до 21 степени. Шансите за врнежи се под 10%.
Легендарната патека, Сузука, се наоѓа во истоимениот град во префектурата Мие. Конфигурацјата е во форма на бројот осум и е дизајнирана од Џон Хугенхолц за тестирање на патничките автомобили на Хонда.
Сузука има секакви свиоци, што ви овозможува да ги оцените карактеристиките на патничките автомобили, а за болидите на Формула 1 станува сериозен тест.
Патеката привремено го напушти шампионатот по реконструкцијата и враќањето на патеката Фуџи во календарот, потоа сопствениците на двете патеки се согласија на алтернативни трки, но во јули 2009 година трката во Фуџи беше откажана поради финансиски проблеми, па оттогаш Големата Награда на Јапонија повторно се одржува во Сузука.
Настанот во Јапонија не се одржуваше две години поради пандемијата. Европските фанови отсекогаш биле малку љубоморни на Јапонците, бидејќи беа сведоци на многу трки кои станаа класици на Формула 1 шампионатот.
Во последниве години, патеката беше реконструирана, таа доби нов асфалт, проширени се безбедносните зони, но конфигурацијата остана непроменета.
Во 2014 година, трката на дожд беше завршена пред предвиденото по страшната несреќа на Жил Бјанки. Оттогаш поминаа десет години.
Во Сузука предност имаат добро балансирани и ефикасни болиди. Себастијан Ветел забележа четири победи зад воланот на Ред Бул, потоа имаше победи за возачите на Мерцедес АМГ, а сега предноста повторно помина кај Ред Бул.
При утврдување на поставките на болидите, важен е компромисот помеѓу управувањето во бавните шикани и брзината во брзите свиоци.
Во брзите свиоци секој би претпочитал поголема потисна сила, но во последниот сектор важно е да се постигне што поголема максимална брзина, така што поставките на болидите се различни.
Поради големата просечна брзина, оптоварувањето на гумите е доста големо, но сопирачките се користат релативно ретко, така што генерално сè е многу слично на ситуацијата во Силверстоун, каде што исто така има многу брзи свиоци и малку кочење.
Ако ги споредиме овие две патеки, тогаш Сузука е потешка, поради теренот и помалата ширина. Можеме да кажеме дека Сузука е една од најтешките патеки во календарот, а малиот број на безбедносни зони бара возење без грешки.