Седма трка во сезоната, седма Пол позиција за Макс Ферстапен. Трикратниот шампион ја задржа серијата без пораз во квалификациите со нов беспрекорен настап, овој пат на патеката Енцо и Дино Ферари.
Првиот ред ќе го дели со извонредниот Австралиец во болидот на Мекларен, Оскар Пјастри, но тоа може да се промени ако стјуардите донесат одлука дека го блокирал Кевин Магнусен во Q1 сесијата.
Од вториот ред трката ќе ја започнат Ландо Норис и Чарлс Леклер, од третиот Карлос Саинц Јр. и Џорџ Расел.
Лоши настапи на Серџо Перез и Фернандо Алонсо, кои отпаднаа во Q2 и Q3 соодветно. Квалификациите беа особено сурови за Фернандо Алонсо, кој заврши на последното место, но ќе стартува претпоследен поради избришаното време на Логан Сарџент.
Стјуардите на Големата Награда на Емилија Ромања го казнија Оскар Пјастри со губење на три позиции на гридот поради блокирање на Кевин Магнусен во квалификациите.
Оскар Пјастри затоа ќе стартува петти на Имола. Неговиот тимски колега Ландо Норис ќе се пресели во првиот стартен ред. По една позиција напредуваат и возачите на Ферари, Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр..
Сите возачи се одлучија за црвените гуми на Пирели за почетокот на Q1 сесијата, со исклучок на Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер од Ферари и Џорџ Расел со Мерцедес АМГ на жолтите, како јасен знак на самодоверба.
Тимскиот колега на Џорџ, Луис Хамилтон, се одлучи за поинаква стратегија и ги избра црвените гуми.
Фернандо Алонсо за прв пат излезе на патеката нешто повеќе од пет минути по зеленото светло, со оглед на големината на поправките на неговиот Астон Мартин по излетувањето на саботниот тренинг.
Со оглед на тоа што остануваа уште 13 минути од сесијата, Шпанецот можеше да настапи во Q1 со релативна нормалност и без никаква итност.
Во исто време, горе-долу, за прв пат на патеката излегоа и возачите на Ред Бул, и двајцата со црвените гуми во чуден за нив викенд во кој ја немаа вообичаената брзина на тренинг сесиите.
Во оваа прва рунда на брзи кругови, Ландо Норис беше најбрз, а Пјастри втор. Ферстапен трет мали разлики помеѓу возачите. Еволуцијата на патеката беше таква што Саинц Јр. со жолтите гуми се подобри неколку пати додека не беше четврти, пред Леклер кој беше шести.
Фернандо Алонсо првично се пласираше на седмото место, но тој започна да паѓа на табелата како што напредуваа времињата на неговите ривали. Тој влезе во бокс по нов комплет на црвени гуми, но, на нешто повеќе од пет минути до крајот, го оштети болидот кога излета надвор од патеката.
Во тој момент, тој падна во зоната за испаѓање. Алонсо успеа да се врати во боксот, каде што доби трет сет на црвени гуми, но оштетувањето на подот како резултат на излетувањето го направи помалку конкурентен и во првиот сектор од неговиот последен брз круг веќе се виде дека нема да има начин да се избегне елиминација.
Во последните моменти, Нико Хулкенберг употреби нов сет на црвени гуми за да се "катапултира" на првото место на табелата. Неговата брзина беше најдобрата демонстрација на еволуцијата на патеката, бидејќи неговото време беше за 1.1 секунда побрзо од неговиот претходен обид.
И покрај тоа, Германецот заврши на второто место бидејќи Ферстапен му го презеде првото место во последен момент со користени црвени гуми.
Возачите кои беа елиминирани во Q1 беа Валтери Ботас, Логан Сарџент, Џоу Гуанју, Кевин Магнусен и Фернандо Алонсо.
Џорџ Расел со Мерцедес АМГ и возачите на Ред Бул ја искористија Q2 сесијата од првиот момент кога светнаа зелените светла на семафорот. Возачите на Мекларен и Ферари на патеката излегоа со преостанати 12 минути до крајот. Сите беа на црвени гуми.
Макс Ферстапен се чинеше дека направи чекор напред во оваа прва рунда на брзи кругови. Холанѓанецот се најде на врвот на табелата, и покрај тоа што постави време на почетокот на сесијата, тој го издржа предизвикот на конкуренцијата кои започнаа подоцна.
Всушност, иако Леклер на крајот го победи неговото време, тој можеше да извлече само 58 илјадитинки побрзо време и покрај еволуцијата на патеката.
Сензација, во секој случај, беше летечкиот Јапонец, Јуки Цунода, кој со својот РБ го забележа второто најбрзо време, веднаш помеѓу Леклер и Ферстапен.
Возачите на Мерцедес АМГ се вратија во своите гаражи по нов сет на црвени гуми, бидејќи првиот на користени не им донесе добри времиња и беа во опасност за елиминација, со Луис Хамилтон П10 и Џорџ Расел П11.
На четири минути до крајот започна втората и решавачка серија на брзи кругови.
Први на асфалтот се појавија возачите на Мерцедес АМГ, сега вооружени со нови гуми. Меѓу водечките, Ферстапен се одлучи да заштеди гуми и да излезе со користен сет. Леклер и Саинц Јр. добија нови, откако ги спасија во Q1.
Во оваа сесија големото разочарување беше Серџо Перез. Расел и Хамилтон се подобрија на седмата и осмата позиција, со што го ставија максиканецот во Ред Бул во елиминациската зона.
Перез, исто така, се подобри во неговиот последен обид, но му фалеа 15 илјадитинки од времето на Даниел Рикиардо со РБ, доволно за П10.
Елиминирани возачи беа Серџо Перез, Естебан Окон, Ленс Строл, Алекс Албон и Пјер Гасли.
Во меѓувреме, Ферстапен со стариот сет на пневматици го подобри најбрзото време и ја најави својата кандидатура за седма последователна пол позиција.
Q3 започна со Јуки Цунода како почесен гостин по блескавиот настап во Q2, каде што ги надмина сите очекувања квалификувајќи се со третото најдобро време. Јапонецот не беше сам, бидејќи до финалниот сегмент стигна и неговиот тимски колега, Даниел Рикиардо, десетти. Нико Хулкенберг беше другиот претставник од "послабите" тимови.
Во првиот круг од Q3, сите возачи започнаа со нов сет на црвени гуми со исклучок на двата возачи на Мерцедес АМГ и Нико Хулкенберг, кои се одлучија за користен сет.
Макс Ферстапен го имаше најбрзото време за прелиминарната пол позиција. Неколку моменти подоцна, Ландо Норис ја мина целта, само 73 илјадитинки зад Холанѓанецот.
Чарлс Леклер беше трет со 147 илјадитинки, а Оскар Пјастри четврти со 279. Првиот обид не беше брилијантен за Карлос Саинц Јр., петти со 514 илјадити од најбрзото време.
Болидите потоа се вратија во своите гаражи, а потоа имаше повеќе од две минути молк без никаква активност на патеката. На четири минути до крајот сепак работите се сменија и болидите се вратија на асфалтот.
Последни на патеката беа возачите на Мекларен, а Норис беше претпоследен.
Ферстапен најде начин да го намали своето време за нешто повеќе од една десетинка, што се покажа како доволно добро, бидејќи неколку моменти подоцна Пјастри се најде на второто место со само 74 илјадитинки заостанување зад Холанѓанецот.
Австралиецот од Мекларен го победи својот тимски колега, Ландо Норис за 17 илјадитинки. Се чинеше дека Пјастри можеше да биде уште побрз да не беше проблем во третиот сектор.
Поназад во поредокот, Чарлс Леклер беше четврти, пред Карлос Саинц Јр. кој иако заврши на петтото место веднаш зад својот тимски колега, разликата беше 487 илјадитинки од најбрзото време и 263 од неговиот тимски колега.
Џорџ Расел беше П6, речиси три десетинки разлика пред Хамилтон на П8. Помеѓу нив беше Јуки Цунода, кој повторно го победи Даниел Рикиардо (П9) за две десетинки.
Десетти беше Нико Хулкенберг со болидот на Хас, кој ја зазеде единствената можна позиција во битката против ривалите од овој калибар.
СЕДМА ТРКА, СЕДМА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА МАКС ФЕРСТАПЕН
5/18/2024 03:43:00 PM
0
Share to other apps