Адријан Њуи ќе се повлече од дизајнерската работа во Ред Бул и ќе продолжи да присуствува на одредени трки како поддршка на тимот до крајот на оваа 2024 година.
Славниот британски дизајнер ќе се фокусира на конечниот развој и производство на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, неговиот многу очекуван RB17 кој треба да биде претставен во Гудвуд во јули.
Ред Бул денеска објави дека нивниот главен технички директор, Адријан Њуи ќе го напушти тимот во април 2025 година.
Може да се каже дека овие 12 месеци што Њуи ќе ги помине целосно фокусиран на конечниот развој на RB17 ќе бидат и негов задолжителен одмор, па кога Британецот ќе го напушти Милтон Кејнс, тој ќе има целосна слобода да работи во неговиот следен тим.
Откако му се приклучи на Ред Бул во 2006 година, визијата и техничкото водство на Адријан беа клучни за тимот во постигнувањето на извонредни седум шампионски титули кај возачите и шест конструкторски титули, забележувајќи вкупно 118 Победи и 101 Пол позиции, вклучително победата и пол позицијата за Торо Росо во 2008 година.
Адријан Њуи, рече: "Уште кога бев млад, сакав да бидам дизајнер на брзи автомобили. Мојот сон беше да бидам инженер во Формула 1, и имав доволно среќа да го направам тој сон реалност."
"Речиси две децении ми беше голема чест што имав клучна улога во напредокот на Ред Бул од тим почетник до тим кој освои повеќе шампионски титули."
"Сепак, чувствувам дека сега е погоден момент да ја предадам диригентската палка на другите и да барам нови предизвици за себе."
"Во меѓувреме, последните фази на развојот на RB17 се пред нас, така што во остатокот од моето време со тимот, мојот фокус ќе биде таму."
"Би сакал да им се заблагодарам на многуте неверојатни луѓе со кои работев во Ред Бул на нашето патување во последните 18 години за нивниот талент, посветеност и напорна работа."
"Тоа беше вистинска привилегија и уверен сум дека инженерскиот тим е добро подготвен за работа на конечната еволуција на болидот според четиригодишниот период од оваа регулатива."
"Лично, би сакал да им се заблагодарам и на акционерите, покојниот Дитрих Матешиц, Марк Матешиц и Чалерм Јоовидја за нивната непоколеблива поддршка за време на мојот престој во Ред Бул, и на Кристијан, кој не само што беше мој деловен партнер, туку и пријател. Исто така, благодарност до Оливер Минцлаф за неговото раководство и Еди Џордан, мојот близок пријател и менаџер."
Првиот вистински дизајн на Адријан за тимот, RB3, забележа пласман на подиумот на Големата Награда на Европа во 2007 година.
Следната година неговиот дизајн ја забележа првата победа на групацијата со Себастијан Ветел и Торо Росо на Големата Награда на Италија.
Следејќи ги промените во регулативата и уникатната способност да се профитира од нив, нешто што стана белег на неговото ѕвездено патување во Ред Бул, неговиот дизајн на RB5 му ја донесе на тимот првата победа, на Големата Награда на Кина во 2009 година и уште пет победи во таа сезона.
Во 2010 година, RB6 ја донесе првата двојна победа во Ф1 шампионатот на возачи и конструктори, достигнување кое се повторуваше во следните три години.
Воведувањето на хибридните погонски единици во 2014 година доведе до послаби времиња и прв чекор кон запоставување на единствената обврска кон Ф1 и насочување кон создавање на хиперавтомобилот на Астон Мартин - Valkyrie.
Доаѓањето на Хонда како снабдувач на тимот со погонски единици во 2019 година ја разгоре неговата натпреварувачка искра. RB16B во 2021 ја донесе првата титула по осум години пауза.
Опсежната промена на регулативата за следната сезона резултираше со уште еден дизајн од нула, RB18, што доведе до нова ера на доминација почнувајќи од 2022 година и продолжува до денес.
Кристијан Хорнер, тимски шеф на Ред Бул: "Сите наши најдобри моменти во изминатите 20 години дојдоа од раката на Адријан како технички гениј. Неговата визија и брилијантност ни помогнаа да освоиме 13 титули во 20 сезони."
"Неговата исклучителна способност да се концептуализира надвор од Ф1 и да донесе поширока инспирација за дизајнот на Ф1 болидите, неговиот извонреден талент за прифаќање на промените и наоѓање на најнаградувачките области од правилата на кои треба да се фокусираме, и неговата немилосрдна волја за победа му помогнаа на Ред Бул да стане поголема сила отколку што мислам дека дури и покојниот Дитрих Матешиц можеше да замисли."
"Изминатите 19 години со Адријан беа огромна забава. За мене, кога Адријан се приклучи на Ред Бул, тој веќе беше дизајнер суперѕвезда. Две децении и 13 шампионати подоцна заминува како вистинска легенда."
"Тој е и мој пријател и некој на кој ќе му бидам вечно благодарен за се што донесе во нашето партнерство. Наследството што тој го остави зад себе ќе одекнува низ просториите на Милтон Кејнс, а новиот хиперавтомобил, RB17, ќе биде соодветен тестамент и наследство за неговото време со нас."
Главните прични за заминување на Адријан Њуи од тимот на Ред Бул, според Скај Ф1, се:
- Разочараност од борбата за превласт и несогласување меѓу мнозинските акционери од Тајланд и австриските малцински акционери, кои имаат 49% од сопственоста.
- Незадоволство од промената во перцепцијата за Формула 1 што ја генерираше "феноменот Нетфликс", особено во Соединетите Американски Држави.
- Тој веќе размислувал да го напушти тимот во 2023 година, но Хорнер успеал да го убеди да продолжи.
Според информациите од споменатиот медиум, Њуи го известил Ред Бул дека засега нема потпишано никаков договор со друг тим од Формула 1. Британецот има понуди од Астон Мартин и Ферари на маса, но опцијата да оди во Ферари звучи како најпривлечна поради нивната историја и страст. Секако, со 65 години не би било исклучено ниту негово пензионирање.
Според најновите гласини, Адријан Њуи и Фредерик Васер се сретнале во Лондон пред да отпатуваат за Мајами, веројатно за да финализираат финесите од потенцијалниот договор со Ферари за 2025 година.
Доколку се тече без проблеми, најавата за неговото доаѓање во Маранело би можела да стане официјална следната недела.
Со доаѓање во Ферари од април 2025 година, Британецот веќе би можел да работи на болидот на Ферари за 2026 година. Иако е забрането да се започне со развој на овие боиди до 2 јануари следната година, Адријан ќе има целосна слобода да размислува за различни идеи за толкување на новите регулативи.
По неверојатните успеси во историските тимови како Вилијамс, Мекларен, како и Ред Бул, за Њуи, враќањето на Ферари на врвот ќе биде идеален начин да се заокружи незаборавната Формула 1 кариера.
Финансиски, нема точни бројки колку би можела да биде голема платата на Њуи во Маранело. Секако, од Италија велат дека ако понудата на Астон Мартин достигне 100 милиони, ниту Ферари воопшто нема да штеди.
Заминувањето на Њуи го остава Ред Бул во комплицирана позиција и самиот Кристијан Хорнер веќе почна да презема мерки и да ги врзува другите високи инженерски функционери на тимот, како што се Пјер Ваше и Енрико Балбо.
Денес, австрискиот тим продолжува да биде референца на гридот, но соочени со идните регулативи за 2026 година, изгледите се полни со непознати и несигурност.
ОФИЦИЈАЛНО: АДРИJАН ЊУИ ПО 19 ГОДИНИ ЗАМИНУВА ОД РЕД БУЛ ВО 2025 ГОДИНА
5/01/2024 05:08:00 PM
0
Share to other apps