Фернандо Алонсо беше најбрз на вториот тренинг за Големата Награда на Канада во мешани услови.
Шпанецот ја искористи комплексноста на легендарната патека во Монтреал за да го забележи најбрзото време на петочните тренинг сесии. Добар настап и за двата возачи на Астон Мартин, бидејќи Ленс Строл успеа да биде трет најбрз возач.
Џорџ Расел ги подели двата зелени болиди со второ место во солиден петок за Мерцедес АМГ. Во Топ 5 завршија и Чарлс Леклер и Даниел Рикиардо, но и на оваа сесија постигнатите резултати не се приказ на формата на тимовите.
Заканата од дожд веќе беше присутна пред почетокот на сесијата, но во првиот дел од тренингот немаше премногу капки дожд кои паѓаа на патеката. Иако на моменти врнеше, асфалтот не се намокри доволно и возачите не престанаа да возат на гуми за суво.
Времињата значително се подобрија, како што е вообичаено со овој тип на услови, а исто така и со нов асфалт. Беа комплетирани многу кругови со црвените гуми, или жолтите во случајот со Ферари и Мекларен.
Патеката во Монтреал не бара премногу од гумите, па возачите можеа мирно да возат без страв од деградација. Со мешани услови, полу сув, полу влажен асфалт, Фернандо Алонсо беше најбрз и беше со секој нареден круг се враќаше на врвот на табелата.
Болидот на Астон Мартин и неговото прегревање на гумите во нормални услови, беше од клучно значење во овие незгодни услови на патеката, па лесното ставање на пневматиците во перфектниот температурен опсег им донесе брзина, потврдено и од пласманот на Ленс Строл.
Овие услови на патеката им одговараа и на возачите на Мерцедес АМГ, Џорџ Расел успеа да го комплетира својот брз круг, додека Луис Хамилтон по два виолетови сектори мораше да го откаже неговиот откако налета на бавниот Ферари во последниот свиок, што го остави без можност за подобар пласман на табелата.
Макс Ферстапен, имаше проблеми со Хонда ПЕ во неговиот болид што го принуди предвреме да ја заврши сесијата. Ред Бул дури ја постави и лентата за опасност, а механичарите беа со ракавици и многу внимателно се однесуваа со неговиот болид.
Актуелниот шампион е еден од 12-те возачи кои викендов ќе добијат нов мотор, но и неколкуте кои ќе имаат речиси целосно нова ПЕ во својот болид.
Иако Леклер заврши при врвот на табелата, ова не беше сесија во која Ферари бараше многу перформанси. Тимот од Маранело се одлучија за алтернативен план од останатите, а и Моначанецот и Карлос Саинц Јр. ја започнаа сесијата на жолтите гуми, смеша со помал грип, што во вакви услови претставува недостаток во однос на времето на круг.
Во последната третина од сесијата дождот се појави со многу поголем интензитет и возачите веќе немаа друг избор освен да ги користат зелените интермедиа пневматици.
Со оглед на тоа дека горе-долу слично време се очекува утре, а можеби и во недела, воопшто не беше штетно да се комплетираат неколку кругови со овие гуми.
Во овој последен дел од тренинг сесијата болидите беа наполнети со гориво при што се изведуваа симулации на тркачко темпо. Целта беше да се научи се што е можно за долгите стинтови за неделната трка, иако не е сигурно со какви услови ќе се вози истата.
По вториот тренинг во Монтреал, тројца возачи беа повикани кај стјуардите.
Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри беа повикани поради прекршување на упатствата на тркачкиот директор за неправилно враќање на патеката по напуштањето на истата.
Кај стјуардите е повикан и Чарлс Леклер. Возачот на Ферари излезе на патеката со интермедиа гуми во време кога патеката не беше формално прогласена за влажна.
ФЕРНАНДО АЛОНСО НАЈБРЗ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
6/07/2024 10:41:00 PM
0
Share to other apps