Минатиот четврток ФИА ги објави главните одредби од новите технички прописи, кои ќе стапат на сила во 2026 година.
Адријан Њуи, најпознатиот и најуспешниот дизајнер во историјата на Формула 1, имаше свој коментар на оваа тема во интервју за британскиот MotorSport Magazine.
Минатиот месец официјално беше објавено дека Њуи на крајот на годината ќе ја прекине долгогодишната соработка со Ред Бул, а тој се уште не одлучил за неговите идни планови, иако во падокот на големо се зборува дека веќе добил понуди од неколку тимови, пред се Ферари и Мерцедес АМГ, но во овој контекст се споменуваат и Астон Мартин и Вилијамс.
Доколку Њуи одлучи да ја продолжи кариерата во Формула 1, тогаш во следната фаза ќе мора да се справи токму со овие технички прописи, кои се чини дека не му се допаѓаат премногу.
"Ги знаеме основните принципи на она што ФИА се обидува да го постигне, и првично тоа е желбата да се осигура дека моќноста на погонската единица е подеднакво распределена помеѓу моторот со внатрешно согорување и електричниот дел."
"Дали тоа е добар правец на развој или не, подобро да не коментирам. Секој сака да ги направи болидите полесни, но реалноста е дека погонската единица е прилично тешка, па намалувањето на тежината може да се постигне само во мали граници."
"Постои и желба да се направат болидите аеродинамички поефикасни, со што целосно се согласувам и поддржувам."
"За жал, мотоспортот воопшто, целата оваа индустрија страда од истиот проблем: се завршува со тоа што мораме да работиме со регулативи кои поставуваат многу строга рамка и се пропишани по природа. Би сакал правилата да бидат поотворени."
"Мотоспортот генерално се стреми да постигне нула емисии на штетни гасови, но верувам дека кога целите не се доволно конкретно формулирани и постојано се менуваат, тогаш тоа е погрешно."
"Претпочитам поинаков пристап: ако сакаме автомобилот да предизвика помала штета на екологијата на планетата, треба да развиеме прилично широк опсег на проблеми што треба да се решат и да се движиме во оваа насока."
"И не поставувајте насока за намалување на емисиите на издувните гасови на нула, бидејќи тоа во суштина значи префрлување на електрична енергија или на водородно гориво. Во исто време, ниту едната ниту другата технологија сè уште не го достигнале нивото што го очекуваме кога зборуваме за трки на ниво на Формула 1."
На крај, Њуи отворено ја критикуваше ФИА, обвинувајќи ја федерацијата дека е под влијание на одредени тимови. (Ферари и Мерцедес АМГ)
"Изгледа дека ФИА е под силно влијание на еден или двајца производители на автомобили со надеж дека ќе ги смири, а воедно сака да привлече го привлече вниманието на други."
"Мислам дека со влегувањето на Ауди во Формула 1 во 2026 година ќе има одреден успех, но не сум сигурен дека вреди бидејќи крајниот резултат ќе биде прилично компромисен."
"Во реалноста, производителите на автомобили доаѓаат и си одат, а единствениот исклучок е Ферари."
"Сепак, основата на Формула 1 шампионатот се тимовите и, се разбира, сè почива на таков основен фактор како што е интересот на фановите. Затоа, најважно е да се обезбеди квалитетен спектакл и, како што знаеме, тоа може да се постигне кога шампионатот се карактеризира со различност."
Кога сме на тема, Адријан Њуи, прашањето на кое сите во светот на Формула 1 го сакаат одговорот е кој ќе биде следниот чекор во кариерата на славниот дизајнер?
Дали ќе ја прифати понудата на Ферари, како што повеќепати навестуваше италијанскиот печат или ќе претпочита да остане во својата татковина и да се пресели во некој од британските тимови?
Или навистина прво ќе се одмори и ќе оди на патување низ морињата и океаните со својата нова јахта од 27 метри, не за џабе се вложени милиони фунти во неа?
Според Auto Bild, Њуи има намера да донесе одлука наскоро, заедно со Еди Џордан, долгогодишен пријател и неговиот сегашен менаџер, имаат намера детално да ги анализираат сите достапни предлози, по што ќе биде донесена одлука.
Како што пишува германското издание, тој дефинитивно го цени мислењето на Џордан, но и на неговата сопруга Аманда Њуи.
Според гласините, Њуи не добил понуди само од два тима, од Хас и од Ауди. Но, двете опции кои изгледаат најатрактивно се Ферари и Мерцедес АМГ.
Во првиот случај не е среќен што ќе мора да помине многу време во Италија во базата на Ферари во Маранело.
Во исто време, Auto Bild, повикувајќи се на свои извори, уверува дека понудата на Мерцедес АМГ е многу подарежлива во финансиска смисла, бидејќи на Њуи, всушност, му се нудат и акции во тимот, а тој може да стане негов косопственик.
Но, проблемот со оваа понуда е што тој е загрижен дека Тото Волф има премногу моќ, а атмосферата во тимот е под силно влијание на разни видови политички каузи.
Тоа беше доволно за Њуи да го напушти Ред Бул, каде работеше во мир се до неодамнешните случувања, кои ја растурија хармонијата во овој тим.
Њуи не е политичар, тој само сака да работи во мир. Ако нема хармонија во тимот, тогаш тој нема да има желба за соработка.
Сепак, на неговата одлука, единстено може да влијае неочекуван потег на Макс Ферстапен, доколку трикратниот Ф1 шампион ненадејно реши да премине во Мерцедес АМГ и тогаш тоа ќе стане многу силен аргумент во корист на оваа опција.
Не може во целост да се извади од равенките и тимот на Вилијамс, бидејќи своевремено Њуи успешно соработуваше со овој тим, а наводно и од таму му понудиле да стане акционер.
Другите опции изгледаат многу помалку веројатни, иако сите добри и лоши страни се познати само на Адријан Њуи и Еди Џордан. Дополнително, не може да се исклучи дека и да направат избор, дека медиумите веднаш ќе дознаат за тоа.
ЊУИ: ФИА Е ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ОДРЕДЕНИ ТИМОВИ
6/13/2024 01:01:00 PM
0
Share to other apps