Откако Макс Ферстапен дебитираше во Формула 1 на 17 години, ФИА ја зголеми минималната возраст за учество на 18 години, но сега направија исклучок.
Ажурираната верзија на Меѓународниот спортски кодекс сега гласи:
"Возачот мора да има најмалку 18 години на почетокот на неговата прва Формула 1 трка, но по дискреција на ФИА, возач кој покажува извонредна способност и зрелост во формула едносед шампионатите, може да добие супер лиценца на возраст од 17 години."
ФИА го отстрани правилото според кое барателот за Ф1 лиценцата треба да биде носител на важечка возачка дозвола.
Се ова е направено за да може Андреа Кими Антонели да се трка во Формула 1 пред да наполни 18 години.
Дали ова имплицира дека дебито на Кими е поблиску од кога било?
Младиот Италијанец беше еден од најголемите протагонисти на трансфер пазарот. Фактот што тој е еден од "штитениците" на Тото Волф, доведе до тоа да биде едно од најпопуларните имиња што био требало да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес АМГ.
Тој веќе направи неколку тестови со тимот и според последните информации резултатите се позитивни.
Тимскиот шеф призна дека сакаат иднината на Мерцедес АМГ да оди преку Антонели, но, тој сè уште ја немаше минималната возраст за деби во натпреварувањето.
Тото Волф уште пред неколку месеци побара од ФИА да ја намали старосната граница за добивање Ф1 лиценца. ФИА го уважи неговото барање и го промени правилата.
Италијанецот, кој во текот на својата кариера ја имаше поддршката од Мерцедес АМГ, бележи брз напредок во светот на трките.
Победник е во италијанскиот Ф4 шампионат и на Европскиот регионален формула шампионат во 2022 и 2023 година. Моментално настапува во Ф2, последниот чекор пред Формула 1 шампионатот. Резулатите во Ф2 не се баш многу сјајни, се уште нема пласман на победничкиот подиум.
Антонели ќе биде полнолетен на 25 август, и се поставува прашањето зошто е оваа цела "бука" околу него?!?
Шпекулациите се дека има шанси да го замени Логан Сарџент во Вилијамс, а следната година да се пресели во Мерцедес АМГ.
Останува да видиме дали ќе се трка во Ф1 болид пред летната пауза, единствено рационално објаснување за промената на старосната граница за добивање Ф1 лиценца.
ДАЛИ НОВИОТ КИМИ ЌЕ ДЕБИТИРА ВО ФОРМУЛА 1
6/15/2024 04:42:00 PM
0
Share to other apps