Макс Ферстапен стигна до нова Спринт победа на домашен терен за Ред Бул. Со тоа Холанѓанецот ги има сите три спринт победи за оваа сезона, вкупно десет во неговата кариера.
Иако овој пат имаше голема конкуренција и Ландо Норис го престигна во петтиот круг, Макс знаеше како да се справи со ситуацијата и брзо го врати престигнувањето и потоа успеа да го наметне своето темпо.
Оскар Пјастри ја искористи нивната битка за да го престигне својот тимски колега и на крајот заврши втор, пред Ландо Норис. Џорџ Расел имаше убава битка со Карлос Саинц Јр. за четвртото место. Луис Хамилтон, Чарлс Леклер и Серџо Перез го комплетираа Топ 8 поредокот кој носи поени.
По петокот во кој Макс Ферстапен беше побрз од Ландо Норис за само 93 илјадитинки во SQ3, следуваше Саботниот Спринт како генерална проба за утрешната трка.
За стартот сите возачи ги избраа жолтите гуми, бидејќи нема задолжителни застанувања во бокс, а требаше да се поминат 23-те круга без проблеми.
Стартот беше многу чист. Макс Ферстапен брзо стигна до првиот свиок, додека возачите на Мекларен имаа меѓусебна битка, но без ризик, па двајцата ги задржаа своите оригинални позиции.
Карлос Саинц Јр. успеа да го престигне Џорџ Расел во четвртиот свиок со убав маневар однадвор, а на Чарлс Леклер не му требаше многу време да се искачи на седмото место по стартот од П10.
Макс се обиде да притисне на стартот, но и Ландо Норис и Оскар Пјастри можеа да останат во негова близина. Британецот веќе од вториот круг можеше да го користи ДРС-системот и со сите сили се обидуваше да го мине Холанѓанецот.
Во 5-от круг Норис реши да нападне со потег на се или ништо, и со доцно сопирање на влез во третиот свиок го престигна болидот на Ред Бул, но стабилноста беше изгубена, па Макс го врати престигнувањето во четвртиот свиок, со истата финта доцно сопирање во внатрешноста.
Оваа борба му овозможи на Оскар Пијастри да го престигне својот тимски колега и да се пласира на второто место, зад Ферстапен.
Набргу потоа, во осмиот круг, стана јасно дека Карлос Саинц Јр. нема темпо да го следи водечкото трио, но и се најде под сериозна закана на болидот на Мерцедес АМГ, кој претходно лесно го престигна.
Џорџ Расел имаше подобра тракција на излезот од третиот свиок и го престигна Шпанецот, кој почна да ги гледа Луис Хамилтон и Чарлс Леклер како закани.
Првата третина од спринтот беше интересна и со многу борба, но по десеттиот круг се некако стивна.
Макс Ферстапен успеа да го извлече Оскар Пјастри од ДРС зоната, кој истото го направи со Ландо Норис. Малку поназад Џорџ Расел беше далеку, а Карлос Саинц Јр. сакаше да влезе во неговата ДРС-зона за да не биде нападнат од Луис Хамилтон.
Откако излезе од ДРС опсегот, Оскар Пјастри се оддалечи на повеќе од две секунди зад Макс Ферстапен, а Ландо Норис почна да се појавува во неговите ретровизори.
Веќе се чинеше практично невозможно да се стигне до трикратниот шампион и битката за второто место се водеше меѓу возачите на тимот од Вокинг. Сепак, на разочарување на навивачите, во понатамошниот тек на спринтот немаше интензитет, како сите да беа задоволни од своите места во последните кругови.
Пјастри го задржа Норис, додека Саинц Јр. го стори истото со Хамилтон, додека Леклер и Перез ги освоија последните поени кои беа на разполагање.
Нико Хулкенберг се обиде да го престигне Фернандо Алонсо со доцно кочење во третиот свиок и не му остави простор, принудувајќи го Шпанецот да излезе надвор од патеката. Ова предизвика Фернандо да падне на шеснаесеттото место, каде што го и го дочека финишот. Стјуардите му доделија казна од 10 секунди на Германецот по што тој се најде на претоследното место на табелата.
МАКС ГО ПОБЕДИ ДУОТО НА МЕКЛАРЕН
6/29/2024 09:57:00 AM
0
Share to other apps