Макс Ферстапен немаше конкуренција и за разлика од вчера го имаше убделиво најбрзото време на квалификациите за Големата Награда на Австрија, која ќе ја стартува од Пол позицијата.
Холанѓанецот уште еднаш го победи Ландо Норис, но во овој случај тоа беше за неверојатни четири десетинки на кратката патеката Ред Бул Ринг. Дали Мекларен мораше да ја намалат квалификациската брзина на сметка на тркачкото темпо?!?
Ферстапен денеска беше во своја лига и веќе ја забележа јубилејната 40 Пол позиција во Формула 1 Шампионатот. Оскар Пјастри успеа да го повтори успехот од вчера со круг за П3, но стјуардите го избришаа поради надминување на границите на патеката и тој падна на П7.
Битката зад Макс и Ландо беше тесна и Џорџ Расел го победи Карлос Саинц Јр. за 11 илјадитинки за да биде трет. Чарлс Леклер мораше да се задоволи со шестата позиција, откако излета од патеката во неговиот последен обид во Q3. Топ 10 поредокот го комплетираа Перез, Хулкенберг и Окон.
По спринтот во кој Макс Ферстапен доби уште една битка против Мекларен, следуваа вистинските Квалификации и битката за Пол позиција на Големата Награда на Австрија.
Немаше време за губење, па на излезот од Пит-Линијата се собраа многу возачи на почетокот од Q1 сесијата.
Макс Ферстапен беше првиот возач што забележа време од 1:06.054 со користени црвени гуми. Карлос Саинц Јр., Чарлс Леклер и возачите на Мекларен беа побрзи.
Возачите на Мерцедес АМГ стартуваа неколку минути подоцна, исто така со користени гуми, но нивните времиња беа конкурентни: 1:05.946 за Луис Хамилтон и 1:05.614 за Џорџ Расел, кој беше привремено на првата позиција.
Повеќето возачи мораше да стават нов комплет на црвени гуми за вторите брзи круга, а најбрз меѓу нив беше Карлос Саинц Јр., а воедно тоа беше и најбрзото време во првиот сегмент.
Разликите беа минимални, од П1 до П15 разликата беше помала од четири десетинки. Елиминирани беа Алекс Албон, Ленс Строл, Валтери Ботас, Логан Сарџент и Џоу Гуанју.
По многу блиска прва сесија, Q2 започна порелаксирано и без гужва на излезот од боксевите, тука беа само возачите на Алпин и Ферари.
Естебан Окон го комплетираше првиот круг со време од 1:05.582, но тоа беше подобрено за 5 стотинки од Чарлс Леклер на користени црвени гуми.
Макс Ферстапен излезе директно на нови меки гуми и постави импресивно време од 1:04.577, победувајќи ги Расел и Пјастри за речиси половина секунда.
Во тој момент беше јасно дека никој нема да може да се приближи до тоа време, врз основа на вчерашните спринт квалификации.
Набргу потоа, Карлос Саинц Јр. исто така комплетираше круг со нови гуми и се пласираше на второто место, но заостана четири десетинки.
Во последните минути, Ферстапен излезе со втор сет на меки гуми и го подобри своето време на 1:04.469 за да ја заврши Q2 сесијата на врвот на табелата и половина секунда пред Саинц Јр. и возачите на Мерцедес АМГ.
Квалификациите беа завршени за Даниел Рикиардо на П11, пред Кевин Магнусен, Пјер Гасли, Јуки Цунода и Фернандо Алонсо.
На последната Q3 сесија во која настапуваат најбрзите 10 возачи се дефинира стартниот редослед на првите 5 стартни реда. Некако се чинеше дека П1 е резервирана за Макс Ферстапен, а требаше да го дознаеме редоследот од П2 до П10.
И во овој случај немаше голема брзање за излегување на патеката и моравме да чекаме повеќе од една минута за да ги видиме првите возачи во акција. Тоа беа: Хулкенберг, Окон, Леклер и Перез, кои мораа да започнат со користени црвени гуми, а останатите беа на нови.
Во првиот свој обид Макс Ферстапен успеа да биде во границите на своето најбрзо време и јасно стави до знаење дека не ја дава Пол позиција. Холанѓанецот беше три десетинки побрз од Ландо Норис и половина секунда пред Џорџ Расел. Карлос Саинц Јр. немаше добар круг и беше седми.
Во последниот обид, иако изгледаше невозможно да се подобри, Макс Ферстапен успеа да биде побрз за една десетинка од своето претходно време, што значеше освојување на неговата 40-та Пол позиција во Формула 1 со четири десетинки разлика.
Оскар Пјастри успеа да биде побрз од Ландо Норис, но Британецот не се предаваше и повторно се врати на првиот стартен ред победувајќи го времето на својот тимски колега за 7 стотинки.
Но, по неколку минути кругот на Австралиецот беше избришан поради надминување на границите на патеката во шестиот свиокот, и тој падна на седмата позиција.
Џорџ Расел го победи Карлос Саинц Јр. за 11 илјадитинки за П3. Луис Хамилтон заврши петти, а Чарлс Леклер, излетувајќи надвор од патеката во неговиот последен обид, мораше да се задоволи со П6.
Серџо Перез 9 десетинки побавен од тимскиот колега и само на П8, пред Хулкенберг и Естебан Окон.
ФЕРСТАПЕН БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
6/29/2024 03:31:00 PM
0
Share to other apps