Макс Ферстапен уште еднаш излезе како победник, овој пат на трката за Големата Награда на Шпанија.
Ландо Норис и неговиот Мекларен имаа импресивно темпо, но возачот на Ред Бул продолжува да акумулира победи и веќе има 61 во Формула 1.
Ландо веројатно беше возачот со најбрзиот болид на денешната трка. Но, не секогаш победува најбрзиот. Кога на стартот ве претекнуваат Макс Ферстапен и Џорџ Расел, тешко е да се смени ситуацијата.
Не му требаше долго време на Макс да ја предводи трката и, оттогаш па натаму, неговото менаџирање со истата беше немилосрдно. Ландо Норис мораше да го продолжи својот прв стинт и тогаш почна да го покажува своето спектакуларно темпо и управување со гумите.
На крајот на трката тој се доближи на две секунди од Макс, но тоа не беше доволно да му ја одземе победата, па и самиот Ландо беше видно разочаран по трката, особено од грешката на стартот.
Луис Хамилтон за прв пат оваа година се искачи на победничкиот подиум, додека Џорџ Расел по одличниот старт мораше да се задоволи со четвртото место, со многу мала разлика пред Чарлс Леклер.
Карлос Саинц Јр. само до шестото место пред домашната публика и лут тимски колега. Оскар Пјастри го обезбеди седмото место, пред Серџо Перез и возачите на Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон.
Да, стартот беше "смртоносен" за Ландо Норис. Тој стартуваше од Пол и требаше само да ја одбрани таа привилегирана позиција на патот до првиот свиок за да може да го искористи своето импресивно тркачко темпо, но не само што беше претекнат од Макс Ферстапен, туку и од Џорџ Расел кој од П3 го презеде водството по првиот свиок.
Трката започна комплицирано за Ландо. Но, најлошото следуваше подоцна, кога Ферстапен го престигна Џорџ Расел во третиот круг, но Ландо Норис не беше во можност да го стори тоа.
Оттаму, Холанѓанецот ја имаше предноста на чистата патека пред себе, а стратегистите на Мекларен, мораа да бараат алтернативно решение. Се решија за стратегија со значително продолжување на првиот стинт. Тогаш Норис почна да го покажува спектакуларно темпо на MCL38, но и неговата умешност во менаџирање на гумите.
Во секој момент, Ландо изгледаше дека е чекор пред останатите во однос на чиста брзина, но тој веќе беше на втората стратегиска опција и единствената предност му беше да стигне до победата со подобри гуми.
Се трудеше до крај. Всушност, во последниот стинт тој анулираше речиси шест секунди од Ферстапен, но тоа не беше доволно за да му ја одземе победата. Ландо беше на осум секунди оддалеченост во 48-от круг, а само 2.2 секунди на финишот.
Импресивно темпо, но Макс уште еднаш се искачува на врвот на победничкиот подиум. Тоа беше приказна слична на она што го видовме во Имола или Канада. Иако се чини дека Ландо Норис и Мекларен почнуваат да го преземаат водството според перформансите, Макс Ферстапен успева да бележи Победи.
Холанѓанецот сега има 69 поени предност пред Норис кој се искачи на второто место во пласманот на возачи.
По доминантните 2022 и 2023 Ф1 сезони, некои почнаа да ги намалуваат неговите вредности, но еве тој веќе на неколку трки продолжува да победува без да го има најдобриот болид. Ретко гледате возач на толку високо ниво. Уживајте.
НАЈДОБРИОТ ВОЗАЧ ПОБЕДУВА И БЕЗ НАЈДОБАР БОЛИД
6/23/2024 02:45:00 PM
0
Share to other apps