Луис Хамилтон беше многу брз на саботната тренинг сесија, како загревање за квалификациите за Големата Награда на Канада, кои се закажани за 22:00 часот по македонско време.
Ова беше прва сесија во Монтреал која се одржа на сув асфалт. Британецот го победи Макс Ферстапен за три десетинки и Џорџ Расел за четири.
Ленс Строл изненади со четвртото место, додека Фернандо Алонсо беше осми, а возачите на Ферари заостанаа и беа далеку од врвот.
"Ние сме исклучително бавни!", ова беше забелешката на Чарлс Леклер што беше емитувана на тимското радио.
По двe тренинг сесии со променливи и деликатни услови, третата започна со сув асфалт на патеката Жил Вилнев и температура од 35 степени, но заканата за дожд останува за остатокот од денот.
Како што се очекуваше, многу возачи брзо излегоа на патеката, а освен четворица на бели, сите беа на жолтите пневматици за да се обидат да добијат што повеќе информации за новиот асфалт.
Макс Ферстапен по вчерашните проблеми прв излезе на патеката. За првото развејување на црвените знамиња не се чекаше премногу.
По околу пет минути, Џоу Гуанју изгуби контрола над својот болид во првиот свиок и удри во заштитните бариери. По 5 минутна пауза, сесијата продолжи а времињата започнаа драстично да се подобруваат.
Како што сесијата се приближуваше до својата половина, црвените гуми почнаа да го преземаат приматот.
Логан Сарџент беше првиот што ги возеше и забележа 1:14.355, додека Карлос Саинc Jr. беше вториот што го направи тоа и забележа 1:14.514. По тоа се виде дека возачите на Ферари се во проблеми. Дали се вистински ќе покажат квалификациите.
На помалку од 20 минути преостанати до крајот, девет возачи беа во разлика од нешто повеќе од половина секунда, а Карлос Саинц Јр. беше осми. Остана уште речиси половина од возачите да направат брз круг на црвените гуми.
Во последните моменти од сесијата имавме многу подобрувања на времињата, а на врвот на табелата заврши Луис Хамилтон со импресивен круг, далеку побрзо од кој било друг возач.
Ферстапен се обиде да го победи неговото време, возејќи на лимитот на можностите на РБ20, имаше и допир со ѕидот на шампионите, но беше втор со три десетинки заостанување.
Холанѓанецот ги раздели возачите на Мерцедес АМГ, со Џорџ Расел на третото место со четири десетинки заостанување.
Ленс Строл одличен со четвртото најбрзо време, блиску до Џорџ Расел и пред Оскар Пјастри, Даниел Рикиардо, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.
Серџо Перез и Чарлс Леклер го комплетираа Топ 10 поредокот, а Карлос Саинц Јр. беше дванаесетти. Ферари, далеку од врвот.
ЛУИС ХАМИЛТОН ПОТСЕТИ НА СТАРИТЕ ДЕНОВИ
6/08/2024 06:04:00 PM
0
Share to other apps