Трката во Канада ја прекинува европската низа тркачки викенди во која речиси секогаш се дознава кој е најголемиот фаворит на титулите во двата шампионати. Дали и оваа сезона тие ќе бидат заверени многу порано од Ред Бул и Макс Ферстапен или пак Мекларен, Ферари и Мерцедес АМГ ќе пружат достојна борба.
Патеката Жил Вилнев беше позната по "ѕидот на шампионите", кој се уште постои, но беше поместен за метар подалеку, па така имаме помалку инциденти, за разлика од минатото, кога многу и од врвните возачи оставија "автограм" на него.
Формула 1 дојде во Канада во средината на 60-тите, четири години трката наизменично ги одржуваше на патеките Мон Тремблант и Моспорт, а потоа само во Моспорт, бидејќи другата беше прогласена за премногу опасна.
Во 1977 година, Француските Канаѓани, импресионирани од успехот на Жил Вилнев, ја изразија идејата за изградба на автодром во Квебек.
Градските власти пронајдоа два милиони долари, ги поврзаа патиштата на вештачкиот остров направен за олимписките игри во 1976 година и сè беше подготвено за Големата Награда на Канада во 1978 година.
Победник на инаугуративната трка беше Жил Вилнев, кој возеше Ферари 312Т3. Во 1982 година, откако Жил почина на квалификациите пред трката во Золдер , патеката го доби неговото име.
Историјата на канадската трка е полна со трагедии и триумфи. Овде речиси е невозможно да се погоди победникот, често на највисокото скалило на подиумот се искачува возач кој не атакува на шампионската титула, а лидерите во шампионатот немаат секогаш среќа.
Патеката е интересена мешавина на долги, брзи правци и бавни свиоци. Високите крајни брзини на правците и стоп/старт карактерот на истата придонесува таа да биде класифицирана како една од најтешки за сопирачките на болидите.
Површината на канадската патека отсекогаш беше нерамна, но со новиот асфалт тоа е донекаде анулирано, па возачите се чувствуваат многу подобро во "крутите" болиди од новата генерација.
Честите точки за сопирање доведуваат до високи температури на дисковите, а ефектот е дополнет со фактот дека правците, особено во првата половина на кругот, не дозволуваат доволно време за нивно ладење.
Италијанскиот производител и официјален снабдувач на Формула 1 со пневматици, традиционално ги номинира најмеките смеши во нивниот опсег. Оваа година не е исклучок, па на Ф1 тимовите им се понудени C3, како бели, C4 како жолти и C5 како црвени гуми.
Во Монтреал, особено се оптоварени задните гуми и многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу притиснат на педалата за гас, а тоа е особено опасно при последниот свиок каде се наоѓа на почетокот споменатиот "ѕид на шампионите".
Името го доби по трката во 1999 година, кога Дејмон Хил, Михаел Шумахер и Жак Вилнев удрија во ѕидот на излезот од последниот свиок. И да, покрај тоа што е поместен за еден метар, тој веќе не е ѕид во буквална смисла, туку ТекПро заштитна бариера.
По оваа трка на Жил Вилнев, не очекува серија од седум европски трки.
Патеката има многу висока веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, кој може да го промени во целост текот на трката. Ова е една од причините зошто флексибилната стратегија често дава добри резултати, но патеката нуди многу повеќе можности за престигнување.
Според актуелниот договор, патеката Жил Вилнев треба да биде домаќин на трки до 2029 година, но трки ќе се возат и во 2030 и 2031 година, како надополнување на двете години, кога настанот не се одржа поради пандемијата.
Возачот на Мерцедес АМГ, Џорџ Расел ја освои Пол позицијата. Според инженерите на Пирели, најбрзата стратегија за Големата Награда на Канада, која се состои од 70 круга ќе биде со две застанувања во бокс.
Теоретски, најбрзиот начин е да се стартува на жолтите гуми, за потоа да се премине на два стинта со бели гуми, или пак жолти-бели-жолти.
За оние кои почнуваат подолу на гридот, може да има аргумент за стартување со белите гуми и долг прв стинт, надевајќи се дека ќе го искористат максимумот од излегување на безбедносното возило. Алтернатива е старт на жолтите и финиш на белите пневматици.
Ова е патека каде што можете да претекнете, така што позицијата на патеката не е толку важна како другите места.
Марио Изола, Пирели: "Бевме сведоци на многу неизвесни квалификации од почеток до крај, а времињата беа неверојатно блиски, доказ за тоа е што двајцата најбрзи возачи забележаа идентично време, додека во најбрзите десет беа возачи од шест различни тимови."
"Досега викендот беше под влијание на променливи временски услови и се навестува дека така ќе биде и во недела. И покрај тоа што саботната акција се одвиваше на сува патека, сепак имаше многу ограничен број на собрани податоци, имајќи предвид дека тимовите можеа да извозат долги серии на кругови само на третиот тренинг."
"Како што се очекуваше, патеката која е целосно реасфалтирана, сè уште не беше "гумирана" на потребното ниво и затоа видовме значајна нејзина еволуција."
"Тоа, исто така, доведе до појава на грејнинг, особено на жолтите гуми, што е опцијата која што ја користеа сите за симулација на тркачко темпо."
"Затоа, сè поверојатно е дека, ако имаме трка на суво, најефективната стратегија е со две застанувања во бокс, а доминантниот избор е да се користат два комплети бели гуми и тоа објаснува зошто седум тима сè уште имаат по два сета на располагање за секој возач."
"Стратегијата со едно застанување, користејќи комбинација од жолти и бели, е можна на хартија, но е многу маргинална. Не е невозможно некој да се обиде да ја започне трката имајќи го ова на ум, додека ја задржува флексибилноста да се префрли на два пит-стопа."
Стјуардите на Монако ГП го казнија Естебан Окон со губење на пет стартни позиции, поради инцидентот со неговиот тимски колега за време на минатонеделната трка на улиците во Монте Карло.
По квалификациите за Големата Награда на Канада, тимот на Заубер ги замени акумулаторите, контролната електроника и задното крило на болидот на Валтери Ботас.
Задното крило беше променето и на болидот на Џоу Гуанју. За да се направи замена, механичарите на тимот мораа да го прекршат режимот на затворен паркинг, па како последица двајцата возачи на Заубер ќе стартуваат од пит-линијата.
Во петокот врнеше дожд, во саботата возачите работеа на сув асфалт, а за време на трката е највено ветровито и облачно небо, со можност за лесен летен дожд.
Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 14:00 часот по локално време, до кога воздухот ќе се загрее до +17 степени, а веројатноста за врнежи е 48%.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА КАНАДСКОТО ГРАН ПРИ
6/09/2024 02:55:00 PM
0
Share to other apps