Макс Ферстапен е победник на Големата Награда на Канада, забележувајќи ја својата јубилејна 60-та Победа во Формула 1. Ова е негова трета последователна победа на ова патека.
Трката започна со многу влажен асфалт, имавме период на слаб дожд, но заврши на гумите за суво време. Подиумот го комплетираа Ландо Норис и Џорџ Расел.
Возачите на Ферари, Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер, како и Серџо Перез не ја завршија трката и останаа со празни раце.
Трката за Големата Награда на Канада беше интересна за гледање и секој од тројцата возачи на подиумот лесно можеше да заврши на највиското скалило. Сепак, Макс Ферстапен покажувајќи ги своите екстра квалитети го однесе Ред Бул до нивната 119-та Победа.
Џорџ Расел, кој стартуваше од Пол позицијата, го презеде водството по првиот свиок, кога трката се одвиваше на многу влажна патека. Меѓутоа, како што се сушеше асфалтот, Ландо Норис почна да "лета" и се чинеше дека е во позиција да ја забележи својата втора победа.
Но, безбедносното возило, или подобро кажано, лошата стратегија на Мекларен, значеше "предавање" на водството на Ферстапен и, оттаму, Холанѓанецот доминираше во трката.
Ландо Норис ја имаше својата шанса да се покаже по два рестарта на трката, но Макс не подлегна на притисокот и во последните трки, непослушниот РБ20, за да стигне до јубилејната победа.
Ландо Норис мораше да се задоволи со второто место, со Мерцедес АМГ-то залепен веднаш зад него во последните кругови од денешната трка.
Луис Хамилтон беше 4-ти, а Оскар Пјастри на крајот мораше да се задоволи со петтото место. Младиот Австралиец треба го усоврши менаџирањето со пневматиците на Пирели.
Астон Мартин се враќа во пласман кој носи добра количина на поени, со Фернандо Алонсо, на шестото место и трка уништена од неговиот лош пит-стоп.
Ленс Строл, Даниел Рикиардо и возачите на Алпин го комплетираа Топ 10 поредокот, во трка со голем број на инциденти и возачи без пласман.
Макс Ферстапен моментално е најдобриот возач во Формула 1. Неговите три последователни титули се добар доказ за тоа, но она што денес го направи во променливи временски услови и во период кога неговиот болид не изгледа најдобро е уште поимпресивно.
На трката за Големата Награда на Канада повторно стана јасно: секогаш треба да го земете предвид "факторот Ферстапен". Секако Ред Бул останува силен на стратегиски план, што им носи резултати.
Два детали од денешната трка укажуваат на моментот низ кој минуваат Австријците: првиот, што Серџо Перез не беше ни блиску до пласман во бодови, вториот, малиот допир на Макс со ѕидот на шампионите при крајот од трката, што значи дека Холанѓанецот го возел РБ20 на лимитот на неговите можности.
Но, во секој случај, зборуваме за уште една Победа на Ферстапен. Многу влажна патека, влажна, речиси сува, тотално сува, и Макс повторно победува.
Во генералниот пласман на возачи тој повторно има прилично добра разлика во однос на Чарлс Леклер кој денес не ја заврши трката. Во шампионатот на конструктори наместо да се намали разликата, Ред Бул ја дуплираше во однос на Ферари, чии возачи не можеа да ја финишираат трката, а не пак да освојат поени.
Како викендот за Големата Награда на Канада да не беше доволно лош за Серџо Перез, па тој дополнително заработи казна од три стартни места за следната трка во Шпанија, откако возеше оштетен болид на патеката и остави остатоци на асфалтот.
Ред Бул доби и парична казна од 25.000 евра
Од историјата знаеме дека времето често замешува прсти во текот на настаните на патеката во Монтреал, па така беше и овој пат. Во сите денови од викендот тоа беше важен фактор што ги одредуваше акциите на тимовите, изборот на тактиката и генерално влијаеше на интригата.
Непосредно пред трката почна да врне, потоа како да престана, но потоа повторно дождот засили, па привремено престана, но патеката, се разбира, остана влажна, а повеќето болиди имаа интермедија гуми.
Само возачите на Хас избраа да стартуваат со гуми за дожд. Во одредени делови од патеката беше премногу влажна, во други забрзано се сушеше, но според прогнозата, врнежите допрва требаше да продолжат.
Иако патеката беше релативно доста влажна, директорот на трката, на задоволство на сите, дозволи да статува на вообичаениот начин, без употреба на безбедносното возило.
Гледавме стоечки старт, иако и за време на загревачкиот круг некои од возачите се пожалија на проблеми со видливоста поради густите облаци од водена прашиња кои болидите ги оставаа зад себе.
Џорџ Расел стартуваше од Пол позицијата, Макс Ферстапен беше веднаш до него на првиот стартен ред, а двоецот на Мекларен трката ја започна од вториот ред.
Возачот на Мерцедес АМГ имаше добар старт, поведе по првиот свиок, но немаше промена на позиции во првата четворка. Подолу во поредокот, стартот на Даниел Рикиардо не помина добро, тој изгуби две позиции одеднаш, од Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон.
Кевин Магнусен, кој стартуваше со гуми за дожд, се чинеше дека едноставно лета по патеката и до вториот круг се искачи на 5 место од по стартот од П14!
Карлос Саинц Јр. загуби многу позиции, по што се најде на далечното 15-то место. Неговиот тимски колега, Чарлс Леклер, продолжи да вози 11-ти.
До третиот круг, Магнусен исто така беше пред Оскар Пјастри и веќе го стигнуваше Ландо Норис.
Најдобрите десет во оваа фаза од трката изгледаа вака: Расел, Ферстапен, Норис, Магнусен, Пјастри, Алонсо, Хулкенберг, Рикиардо, Строл.
Околу петтиот круг, Чарлс Леклер го праша својот инженер со вознемирен глас: "Дали се е во ред со моторот?"
Одговорот јасно го вознемири, бидејќи стана јасно дека има проблеми со Ферари ПЕ во неговиот болид, ситуација која тимот ја нарече "чудна", но Чарлс доби инструкции да продолжи да напаѓа.
Во 6-от круг се појавија жолти знамиња, Логан Сарџент излета од патеката. Неговиот болид заврши покрај патеката, но американецот во Вилијамс можеше да ја продолжи трката.
Магнусен беше првиот што направи пит-стоп. Сините гуми на Пирели брзо се истрошија, а Данецот се врати на патеката на интермедија гуми, губејќи ги сите позиции што ги имаше освоено во првите седум круга.
Пит-стопот беше доста долг, се чинеше дека механичарите на Хас не се подготвени за влегувањето на својот возач.
Во реприза го видовме инцидент што се случи на стартот помеѓу Пјер Гасли и Серџо Перез. Имаше доста силен контакт меѓу нивните болиди, но и двајцата останаа на патеката. По 10 круга, Мексиканецот беше 16-ти, иако со оштетено предно крило, а Гасли беше 17-ти.
Наскоро беше објавено дека стјуардите истражуваат потенцијално неправилен старт од страна на Даниел Рикиардо. Тоа беше потврдено и Австралиецот доби казна од 5 секунди.
Во 13-от круг, Хулкенберг замина во бокс по интермедија гуми и се врати на патеката претпоследен.
На асфалтот во пределот на тркачката траекторија стануваше јасно видлива сува линија, а Расел, кој водеше со предност од околу половина секунда, преку радио му порача на тимот дека за околу 20 минути ќе може да се префрлат на гуми за суво.
Редоследот на првите десет по 15 круга: Расел, Ферстапен, Норис, Пјастри, Алонсо, Хамилтон, Рикиардо, Строл, Леклер, Цунода.
Во исто време, неколку круга имаше интересен дуел меѓу Алонсо и Хамилтон за петтото место, во кој Фернандо успеваше да се одбрани од нападите на Британецот.
Ферстапен, исто така, се обиде да нападне, прашувајќи се зошто се уште е забрането користењето на ДРС-системот.
Забележливо ја намали разликата која ја имаше Расел и на крајот од 17-от круг, го исцеди РБ20 до максимум, но стартно-целниот правец беше прекраток за напад, по што тој не можеше да го задржи болидот на патеката и ги скрати првите два свиоци.
Поради оваа грешка, разликата помеѓу него и Мерцедесот АМГ на Џорџ Расел се зголеми на повеќе од две секунди.
За иронијата да биде поголема, веќе во следниот 18-от круг тркачкиот директор доволи користење на ДРС-системот, а на оваа патека има три такви зони. Речиси истовремено се појави уште една порака, дека дождот се очекува за 9 минути.
Сонцето веќе излезе над патеката, а асфалтот почна забрзано да се суши. Грешката на Макс ја искористи Ландо Норис кој се залепи зад болидот на Ред Бул и беше првиот што успешно го искористи ДРС-от. Мекларенот леташе на патеката и британецот изведе одлично претекнување пред последната шикана.
Во следниот круг, на ист начин, Ландо се справи со Расел и го презеде водството.
Но, Џорџ не можеше да остане на патеката, тој мораше да ја пресече последната шикана, нешто што Макс го искористи и го врати второто место, со таа разлика што сега во водство беше Ландо Норис.
Во истиот круг Леклер беше претекнат од Алекс Албон и Јуки Цунода.
Топ десет по 25 круга беше: Норис, Ферстапен, Расел, Пјастри, Алонсо, Хамилтон, Рикиардо, Строл, Албон, Цунода.
Тоа беше период кога се развеаа двојни жолти знамиња, по што на патеката излезе безбедносното возило. Причината беше излетувањето на Логан Сарџент и завршување на болидот на Вилијамс на средината на патеката по 4-от свиок.
Многу возачи веднаш се упатија кон боксевите за промена на гуми. Норис и Рикиардо не го направија ова, но потоа во следниот круг се предомислија, по што се вратија на патеката со изгубени неколку места. Даниел ја одработи и својата казна од 5 секунди.
Макс Ферстапен го презеде водството на трката, а Луис Хамилтон успеа да биде пред Алонсо и да стигне до топ 5 пласман.
Поредокот пред рестартот беше: Ферстапен, Расел, Норис, Пјастри, Хамилтон, Алонсо, Цунода, Строл, Окон, Рикиардо.
Јапонецот во РБ и Естебан Окон се уште не беа во бокс по нови гуми. Чарлс Леклер и Ферари се решија да ризикуваат во она што беше изгубена трка за нив, влезе во бокс и излезе на гуми за суво време. На патеката излезе на последното место.
Трката беше рестартирана во 29-от круг. При рестартот нема промени на позиции, а најинтересно му беше на Леклер кој буквално едвај го одржуваше својот СФ-24 на патеката.
Тркачкиот инженер го бодреше по тимското радио и му велеше да издржи неколку круга. Но времињата по круг беа толку очајни, 18 секунди заостанување зад тие на Макс Ферстапен, па Моначанецот мораше повторно во бокс по интермедија гуми.
Во меѓувреме, Алекс Албон го имаше претекнувањето на денот, кога истовремено ги помина Окон и Рикиардо пред последната шикана за пласман на 9-то место.
Топ десет по 35 круга беше: Ферстапен, Расел, Норис, Пјастри, Хамилтон, Алонсо, Цунода, Строл, Албон, Окон. Естебан и Јуки се уште не беа повикани по нови гуми.
Стјуардите почнаа да го истражуваат инцидентот во кој беа вклучени Саинц Јр., Рикиардо и Ботас, но одлучија дека нема место за казни. Каков инцидент беше ова остана мистерија за публиката, бидејќи не беше вклучен во преносот на трката.
Даниел Рикиардо беше 11-ти, Ботас беше 12-ти, Саинц Јр. беше 13-ти. Тркачкиот инженер го советуваше Австралиецот во РБ да забрза, потсетувајќи го дека болидот е способен за добро темпо и пласман во поени.
До 40-от круг, сонцето повторно почна да се појавува, а на асфалтот повторно се појави сува линија, па управата на трката повторно дозволи користење на ДРС-системот.
Пјер Гасли беше првиот кој премина на гуми за суво време. Тој се врати на патеката на 18-тото место пред Леклер. Болидот на Алпин веднаш излета од патеката, но французинот можеше да се врати назад без да ја изгуби позицијата.
Во 42-от круг Ландо Норис згреши при сопирање за влез во првиот свиок, ја пресече патеката, но се врати на истата 3-та позиција.
Во 43-от круг Чарлс Леклер мораше да се повлече од трката. Очигледно, проблемите со погонската единица станаа терминални. По овој круг, многу возачи почнаа да се префрлаат на гуми за суво, нешто што на крај само првите тројца го немаа направено.
Сепак, еден круг подоцна Ферстапен и Расел заминаа во бокс по нови гуми, а Ландо Норис го презеде водството. Макс и Џорџ се вратија на патеката на второ и трето место, Холанѓанецот на жолти гуми, возачот на Мерцедес АМГ на бели.
Мекларен и Норис се обидоа за направат "overcut" останувајќи на патеката и возејќи два прилично брзи круга, и кога во 47-от круг се упати во боксот по нов сет жолти пневматици, на патеката ќе излезеше пред Макс, доколку новите гуми ја имаа потребната работна температура. Сепак, излезе на второто место пред болидот на Мерцедес АМГ.
Во 49-от круг Ландо направи грешка на се уште недоволно загреаните пневматици, што Расел го искористи и го презеде 2-то место од возачот на Мекларен. Ферстапен беше во водство, но постојано се жалеше на однесувањето на болидот, па не можеше да ги нападне рабниците.
Во 51-от круг, грешка прави и Џорџ Расел во последната шикана, малото излегување на тревата го наруши неговиот ритам, па Норис лесно го претекна, враќајќи се на 2-то место, и во исто време забележувајќи го најбрзото време.
Во 53-от круг безбедносното возило повторно влезе на патеката. Пред ова се случија неколку настани. Прво, Серџо Перез излета од патеката во 6-от свиок, оштетувајќи го задното крило и оставајќи карбонски остатоци на патеката, некако успеа да стигне во бокс.
Во следниот круг, на истото место на патеката, Ферарито на Карлос Саинц Јр. се изврте, излета од патеката, и при враќањето Албон го закачи Ферарито, кое возеше веднаш пред него.
Вилијамсот се изврте и застана на патеката. Шпанецот со своето Ферари успеа да дојде до својата гаража и остана таму. Пред почетокот на викендот возачите на Ферари беа меѓу фаворитите, но на крај нити еден од нив не успеа да ја заврши трката.
Веќе можеме да ги замислиме насловите во понеделничките изданија на Италијанските медиуми.
Топ десет поредокот пред рестартот на трката во 58-от од 70 круга беше: Ферстапен, Норис, Пјастри, Расел, Хамилтон, Алонсо, Строл, Цунода, Окон, Рикиардо.
До финишот остануваа се помалку кругови. Во 62-от круг Расел се обиде да го нападне Пјастри пред последната шикана, но Оскар се бранеше со сите сили и немаше намера да ја отстапи тркачката линија на противникот.
Се случи контакт помеѓу Мекларен и Мерцедес АМГ, по што Расел беше принуден да ја напушти патеката. Стјуардите го истражуваа овој инцидент. Пјастри ја задржа својата позиција, но Џорџ ја изгуби својата од Луис Хамилтон.
Британецот со болидот на Мерцедес АМГ успеа лесно да го претекне Мекларенот на Пјастри, нешто што неколку круга подоцна му успеа и на Џорџ Расел со помош на ДРС-системот.
На пет круга пред финишот, Јуки Цунода не успеа да го исконтролира својот болидот во 9-от свиок, тој се изврте, по што изгуби неколку позиции. Од П9 падна на П14, претпоследното место во тој момент. По овој инцидент патеката на овој свиок беше преполна со карбонски остатоци.
Во претпоследниот круг, Џорџ Расел успеава да го престигне тимскиот колега, Луис Хамилтон, пред последната шикана и се врати на третото место.
Пјер Гасли го претекна својот тимски колега, кој по наредба на тимот мораше да го препушти 9-тото место, а по крајот на трката ги пецна со изјавата: Јас ја завршив мојата работа, тимот не.
Трката за ГН на Канада се приближуваше до финишот, а првиот што ја помина целната линија беше Макс Ферстапен, за кого тоа беше трета последователна победа во Монтреал.
Преку тимското радио со задоволен глас порача дека ова достигнување не беше лесно, но сепак заедно со тимот стигнаа до нова Победа, во "луда" трка.
Ландо Норис, кој го освои второто место, загуби 3.879 секунди од победникот. Ним на подиумот им се придружи Џорџ Расел, но дополнителниот поен за најбрзиот круг му припадна на Луис Хамилтон, кој беше следен во поредокот на 4-то место.
Оскар Пјастри веројатно нема да биде задоволен со петтото место, но австралиецот се бореше до крај и веројатно имаше помалку среќа од останатите кои завршија пред него.
И двајцата возачи на Астон Мартин освоија поени, како и Даниел Рикиардо, кој се искачи на 12-тото место во генералниот пласман на возачи, и двајцата возачи на Алпин, поминувајќи го тимот на Вилијамс во шампионатот за конструктори.
Битката продолжува за две недели со трката за Големата Награда на Шпанија, која ќе се вози на патеката Каталуња. Ако и таму Ред Бул има проблеми, тоа ќе значи дека ќе има борба за шампионските титули. Ајде да видиме што ќе се случува!
МАКС СО ЈУБИЛЕЈНА 60-ТА ПОБЕДА
6/09/2024 06:51:00 PM
0
Share to other apps