Британецот од Мекларен водеше на сесија во која неговите ривали не ги користеа најмеките црвени гуми, а Ленс Строл, со неговиот Астон Мартин, ги подели двата возачи на Мекларен.
Макс Ферстапен беше четврти, со Џорџ Расел, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон зад него.
Сите тимови се обврзани два пати во текот на сезоната да им дадат шанса за настап на млади возачи, кои немаат комплетирано повеќе од две трки во Формула 1 шампионатот.
На првиот тренинг имавме четири промени одеднаш! Тоа најчесто се случува за време на викендите кога се одржуваат пониските шампионати во Ф2 и Ф3.
Првата замена беше Оливер Берман кој се врати зад воланот на VF-24, откако викендов беше најавен како официјален возач на американскиот тим за 2025 година. Британецот ќе учествува на шест тренинг сесии во текот на оваа сезона, а овој петок ќе му биде трета.
Франко Колапинто го зазеде местото на Логан Сарџент во Вилијамс во она што беше негово деби на официјална Ф1 сесија. Неговите добри настапи во Ф2 оваа година го привлекоа вниманието на директорите на британскиот тим, па решија да му ја дадат оваа фантастична можност да се покаже пред илјадници луѓе.
Исак Хаџар го замени Серџо Перез во Ред Бул. Тој веќе учествуваше на тренинг сесија минатата година во Абу Даби, исто така со тимот од Милтон Кејнс.
Во тимот на Алпин Џек Дуан повторно го возеше A524. Австралиецот пред нешто помалку од еден месец учествуваше на тренинг сесија во Канада. Треба да се потсети дека Дуан е едно од имињата кои најмногу се поврзуваат како замена за Естебан Окон, но прво ќе треба да се почека да се види каква одлука ќе донесе Карлос Саинц Јр..
Неколку тимови донесоа нови елементи, неколку, вклучително и Ферари, тестираа решенија подготвени за последните трки, обидувајќи се да извлечат повеќе перформанси од нив.
Веќе во десеттата минута се појавија црвени знамиња, по излетувањето на Јуки Цунода во седмиот свиок, по што Јапонецот остана заглавен во чакалот и не можеше сам да излезе. Сесијата беше стопирана 15 минути.
Немаше некои поголеми инциденти, освен кога во последните минути имаше проблеми со хидрауликата на болидот на Пјастри. Австралиецот успеа да стигне до влезот на боксевите и застана на пит-линијата, од каде неговите механичари го одвлекоа во неговата гаража.
Почна ситно да врне, што не влијаеше на постигнатите времиња. Веднаш по завршувањето на сесијата се случи опасен инцидент, кога Хаџар бавно возеше по тркачката линија, а Норис, кој беше во брз круг, брзо се приближуваше одзади.
Пред 10-от свиок, Ландо мораше силно да закочи за да избегне судир. Хаџар се извини на радио, велејќи дека не го видел Норис.
ПРИЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА БРИТАНСКОТО ГРАН ПРИ