Мекларен предизвика страв кај својата конкуренција, со 1-2 пласман на втората тренинг сесија за Големата Награда на В.Британија.
Ландо Норис повторно беше најбрз со Оскар Пјастри на второто место и тие јасно се издвојуваат како едни од фаворитите за највисок пласман на нивната домашна трка.
Серџо Перез, Пјер Гасли, Кевин Магнусен и Логан Сарџент се вратија во своите болиди.
На почетокот од вториот тренинг повеќето возачи излегоа на патеката на жолтите гуми, освен Ленс Строл, Нико Хулкенберг и Валтери Ботас, кои сакаа да ја тестираат белата смеша.
Со жолтите гуми, Макс Ферстапен забележа време од 1:27.831, една десетинка побрзо од референцата на Норис од првиот тренинг со црвените гуми.
Холанѓанецот беше првиот возач кој се префрли на најмеката смеша, долго пред неговите ривали за највисок пласман, што донекаде влијаеше на поредокот на табелата.
Двата папаја портокалови болиди беа најбрзи, со Норис на првото место. Младиот Британец беше 3 десетинки побрзод тимскиот колега, Оскар Пјастри на второто место. Серџо Перез трет најбрз со една десетинка заостанување зад Австралиецот.
Четврти беше Нико Хулкенберг кој беше изненадување на денот, иако веројатно тоа го направи со празен резервоар и зголемена моќност на Ферари ПЕ во болидот на Хас.
Чарлс Леклер беше петти, со Луис Хамилтон шести и Ферстапен седми, сите тројца во иста десетинка. СаинЦ Јр. беше осми, Строл деветти, а Џорџ Расел кој не блескаше на денешните тренинг сесии, десетти.
Иако патеката Силверстоун е обележана со 2 (1-5) кога е во прашање еволуцијата на патеката, дождот кој паѓаше ја исчисти, па возачите мораа повторно да ја гумираат,па еволуцијата на оваа сесија беше очигледна.
Јасен пример е споредбата помеѓу времињата на Ферстапен и Перез. Макс беше првиот кој комплетираше круг на црвените гуми, додека Серџо беше последен.
Утре на саботниот тренинг ќе видиме пореална слика за рспоредот на силите, но евидентно е дека папаја портокаловите болиди "летаат" на патеката во Силверстоун.
Со оглед на заканата од дожд во последните минути од сесијата, тимовите не се занимаваа долго со квалификациски кругови, и почнаа да ги тестираат гумите на долги стинтови и добивање податоци за нивното однесување, како и процена на тркачкото темпо.
Повеќето тимови извадија еден возач на жолтите и друг на црвените за да добијат што повеќе информации. Двете најмеки смеши можат да бидат најдобра опција за неделната трка, па секој што ќе се извлече повеќе конкурентни кругови од нив ќе биде поблиску до врвот, т.е. победата.
Во последните минути почна да врне, а некои од возачи се префрлија на зелените интермедиа гуми за да го проценат нивното однесување и поставките за старт на вакво време. Прогнозата за следните денови не исклучува врнежи.
МЕКЛАРЕН НАДМОЌЕН НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
7/05/2024 04:47:00 PM
0
Share to other apps