Мекларен се "разбуди" на вторaтa тренинг сесија за Големата Награда на Белгија и забележа 1-2 пласман, предводен од Ландо Норис.
Макс Ферстапен е трет, а возачите на Ферари го комплетираа топ 5 пласманот.
За време на тренингот се очекуваше дожд на почетокот на сесијата, возачите побрзаа на патеката да ја завршат планираната програма.
Естебан Окон, кој ја загуби утринската сесија поради истекување на системот за ладење, беше еден од првите што излезе на патеката.
Возачите работеа со сите три смеши на Пирели, оценувајќи го држењето и работниот век, експериментираа со различни опции за што подобар баланс на болидот.
Сесијата беше крајно мирна, со само неколку мали "излети" надвор од патеката без последици по болидите. Сите се веќе психички на одмор.
Како што кажува и самиот наслов, како кандидати за Пол позицијата се издвоија возачите на Мекларен и Макс Ферстапен. Останатите заостануваат повеќе од предвиденото.
Сепак, за конечните поставки на болидите ќе биде пресуден и утрешниот ден, за кој се најавува влажна патека, што пак нема да биде случај за неделната трка.
Ќе се бара компромис на што да се даде предност, дали квалификациите и стартната позиција или тркачко темпо за неделната трка. Сигурно сме дека повеќето ќе се одлучат за втората опција.
Најновата вест од Белгија е потврдата на Алпин дека Бруно Фамин, нивниот привремен тимски шеф, ќе замине од неговата функција на крајот на месец август.
Французинот ја презеде оваа улога, пред точно 365 дена, веднаш штом беше објавено заминувањето на Отмар Шафнауер на минатогодишната трка за ГН на Белгија.
Засега, Оливер Оукс е главен кандидат да ја преземе улогата на лидер на тимот. Британецот се здоби со популарност со Хајтек во Формула 2 и Формула 3 шампионатите и исто така беше едно од имињата што беа споменати за време на случајот Хорнер да го предводи Ред Бул, заедно со Џонатан Витли.
Бруно Фамин, откри дека Рено се откажува од Формула 1 и ќе престане да произведува погонски единици за овој шампионат. Овој гигант признава дека не може да произведе конкурентска ПЕ и ќе престане со нивна достава на крајот на 2025 година.
МЕКЛАРЕН МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ СО РЕД БУЛ
7/26/2024 04:49:00 PM
0
Share to other apps