Актуелниот шампион беше за половина секунда побрз од Оскар Пјастри на второто место, но третото место на Алекс Албон е потсетник дека се ова е само тренинг.
Како и да е, со потврдена казна од 10 позиции, Холанѓанецот го очекува тешка трка за напредување кон победничкиот подиум.
Утринава врнеше дожд во СПА-Франкоршамп, возачите од Формула 3 шампионатот ја започнаа тренинг сесијата на сините гуми за дожд, за да ја завршат на зелените интермедија.
Следниот пат кога прогнозата предвидува врнежи ќе биде во вечерните часови, по тренинг сесијата.
Тимовите на своите болиди монтираа крила специфични за оваа патека, за која е потребна средно-ниска потисна сила, а во Мерцедес АМГ решија да испробаат целосно нов аеро комплет пред летната пауза.
ФИА инсталираше дополнителни видео камери на болидите на неколку тимови кои го снимаат виткањето на елементите од предното крило под оптоварување со цел да се направат дополнителни измени на прописите за 2025 година, доколку има потреба.
Возачите ја започнаа сесијата со долги стинтови на белите и жолти гуми на Пирели, приспособувајќи ги поставките. СПА-Франкоршамп бара компромис помеѓу потисната сила и брзината.
Кон средината на сесијата преминаа кон квалификациски кригови на црвените гуми, за да ја завршат повторно со долги стинтови на преферираните смеши за трка.
Сесијата помина без проблеми. Во петтата минута на излезот од првиот свиок се изврте Рикиардо, без последици по болидот. Окон имаше проблем со системот за ладење и сесијата заврши предвреме за него.
ПРИЈАВЕНИ ПРОМЕНИ НА БОЛИДИТЕ ЗА СПА-ФРАНКОРШАМП