Тимот на Астон Мартин продолжува со ангажирање на засилувања на техничкиот персонал, со цел успешна транзиција кон новите правила кои стапуваат во сила во Формула 1 шампионатт од 2026 година.
Најновото засилување е Енрико Кардиле, кој пристигнува од Ферари и кој ќе му се приклучи на тимот на Силверстоун во 2025 година како технички директор.
Има многу имиња и многу различни работни места кои ја сочинуваат структура на овој тим, па да се обидеме да објасниме кои се главните технички членови.
Енрико Кардиле. Италијанецот ќе ја остави зад себе својата кариера во Ферари како технички директор на шасијата за да се придружи на проектот на Лоренс Строл, каде што ќе ја игра улогата на главен технички директор од следната сезона со цел да работи на болидот за 2026 година.
Доаѓањето на Кардиле е засилување на техничкиот тим и тој ќе работи заедно со Дан Фалоус. Иако и двете позиции изгледаат доста слични, Британецот ќе продолжи да биде технички директор на Астон Мартин покрај Ерик Бландин, кој ја извршува функцијата заменик технички директор.
И на нив мора да го додадеме и Боб Бел, кој неодамна се приклучи како технички извршен директор. Четири имиња со долгогодишно искуство и реномирана кариера во Формула 1 кои мора да коегзистираат во тимот од Силверстоун.
Досега, Астон Мартин нема презентирано каква е нивната официјална организациона поставеност, кој е над кој или кој е одговорен за што, но сите ќе мора да работат за да ги вклопат различните парчиња од сложувалката и да се погрижат тимот да го направи долгоочекуваниот чекор напред кој ќе му овозможи постојано да се бори за врвот на табелите.
Треба да се напомене дека Енди Грин беше главен технички директор, позиција што сега ја презема Кардиле, до релативно неодамна, но Астон Мартин одлучи да им ја даде целата моќ на наведениот оддел на Фалоус и Бландин.
Сепак, моменталните перформанси на тимот од Силверстоун не се очекувани, па веќе се појавија гласини кои го гледаат Дан Фалоус надвор од тимот на Астон Мартин.
Но, според други гласини, Енрико Кардиле не доаѓа да го замени Фалоус, бидејќи, на хартија, нивните позиции треба да бидат комплементарни.
Дали сегашната ситуација на тимот на Астон Мартин потсетува на онаа на Мерцедес АМГ во 2013 година?
Тимот се подготви за промената на техничките прописи во 2014 година со Боб Бел, Алдо Коста, Рос Браун, Педи Лоу и други имиња како носители на проектот и развој на болидите од новата генерација. Тогаш не се знаеше што точно направи секој од нив.
Всушност, кога Боб Бел си замина, неговата улога ја презеде Педи Лоу. Покрај тоа, на загубата на Бел се надоврза и Рос Браун, кој претходно беше тимсики шеф.
Во актуелниот случај на Астон Мартин, тие исто така го засилуваат својот технички оддел со персонал од висок калибар, бидејќи целта не е ништо друго освен да бидат што е можно подобро подготвени за промените на регулативата од 2026 година.
Мерцедес АМГ триумфираше со почетокот на хибридната ера, а тимот од Силверстоун се обидуваат да го направат истото со правилата од 2026 година.
Сепак, ако гласините се точни, ситуацијата не е ни малку иста, затоа што Рос Браун издејствува враќање на Мерцедес како фабрички тим со откривање на насоките на развој на новите болиди многу порано од сите останати тимови. Нешто што многу и наштети на популарноста на Формула 1 шампионатот и конкуренцијата меѓу тимовите.
Не планираа дека на останатите ќе им биде потребно толку време да ги совладаат предизвиците на хибридните погонски единици, па затоа од време на време се обидуваа да му ги поткастрат крилата на сребрените стрели.
Адријан Њуи ќе го напушти тимот на Ред Бул во април 2025 година. Тој се уште не одлучил што ќе прави откако ќе заврши неговиот ангажман во тимот од Милтон Кејнс, но меѓу опциите кои звучат најреално во последно време се споменува и тимот на Астон Мартин.
Њуи до пред неколку месеци беше главен технички директор во Ред Бул. Ова е позицијата која е создадена во Астон Мартин за да го пречека Енрико Кардиле. Дали тоа значи дека вратата е затворена за Њуи? Одговорот е секако НЕ.
Доколку тимот од Силверстоун успее да ги добие услугите на Адријан Њуи во блиска иднина, тој би можел да добие консултантска улога и веројатно би бил над сите други членови на техничкиот тим, вклучувајќи го и Енди Кауел, кој се приклучи на Астон Мартин како Извршен Директор.
АСТОН МАРТИН И НАЈНОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА
7/11/2024 11:31:00 AM
0
Share to other apps