Луис Хамилтон, со демонстрација на талент и искуство, постигна заслужена победа на Големата Награда на Британија, а Силверстоун се покажува како омилена негова патека, на која веќе стигна до девет победи! Макс Ферстапен и Ландо Норис го придружуваа на подиумот.
Тоа беше непредвидлива трка, со два периоди на дожд и огромни потешкотии да се погоди вистинската стратегија. Но, Хамилтон, кој го знае секој агол на оваа патека, знаеше како да притиска кога почна да врне и со правовремено влегување во бокс го презеде водството од Ландо Норис.
Излегувањето на црвените гуми се покажа како добра опција за Луис Хамилтон, но екстремно лоша за Ландо Норис. Макс Ферстапен беше во потера по двајцата на белите гуми.
Британецот во Мерцедес АМГ го издржа предизвикот од Мекларен и Ред Бул и конечно по три години пауза ја забележа неговата 104-та Ф1 победа.
Оскар Пјастри мораше да се задоволи со 4-тото место, поради тоа што Норис ја доби шансата прв да влезе во боксот, кога започна да врне.
Карлос Саинц Јр. имаше одлична трка за Ферари, едно време дури се бореше и со Макс Ферстапен на патеката, но италијанците некако го губат чекорот со лидерите во последно време.
Шпанецот со слободен пит-стоп на крајот од трката му го одзеде најбрзиот круг на Холанѓанецот и покрај поените за петтото место го доби и дополнителниот за најбрзиот круг.
Нико Хулкенберг со болидот на Хас блеска на последните две трки, и донесе нови 8 поени за тимот со шестото место, пред возачите на Астон Мартин. Фернандо Алонсо немаше соодветна стратегија и заврши осми, зад неговиот тимски колега Ленс Строл на седмото.
Последните поени кои беа на располагање за оваа трка им припаднаа на Алекс Албон со Вилијамс и Јуки Цунода со РБ.
Дванаесетата трка од 2024 сезоната беше Големата Награда на Велика Британија, која се одржува на патеката Силверстоун.
Мерцедес АМГ имаше одличен настап на вчерашните квалификации со обезбедување на првиот стартен ред, но и Ландо Норис и Макс Ферстапен беа подготвени да ја сменат ситуацијата денеска.
Иако од Пирели предвидуваа стратегии за сува патеката, заканата од дожд беше значителна.
Стартот беше без инциденто за првото место. Возачите на Мерцедес АМГ започнаа добро и ги задржаа своите позиции, додека Макс Ферстапен го престигна Ландо Норис од надворешната страна на четвртиот свиок и се најде на третото место.
Оскар Пјастри беше петти, пред Карлос Саинц Јр,, Ленс Строл и Чарлс Леклер кој од П11 се искачи на осмото место. Нико Хулкенберг падна на деветото место, а Фернандо Алонсо остана десетти.
Првично, Џорџ Расел не беше во можност да создаде поголема разлика од една секунда во однос на Луис Хамилтон, но тоа го направи во третиот круг, како неговиот тимски колега не би можел да го користи ДРС-системот.
Макс Ферстапен по добриот старт, не беше во можност да го следи темпото на возачите на Мерцедес АМГ, а Мекларените се залепија позади него во ДРС-опсег.
Џорџ Расел имаше одлично темпо во првите седум круга, беше 1.7 секунди пред својот тимски колега, а Макс Ферстапен и Ландо Норис почнаа да оставаат пригодна разлика за да избегнат зголемена деградација на гумите.
Тимските радија почнаа да "горат" со најава за дожд, во време кога Ленс Строл со сите сили се обидуваше да го задржи Чарлс Леклер зад себе, бранејќи го седмото место.
Како што се приближуваше дождот, Луис Хамилтон ја намали разликата во однос на Џорџ Расел. Во 12-от круг таа изнесуваше 1.3 секунди зад својот тимски колега, а Макс Ферстапен беше дополнителни три секунди понзад.
На Ландо Норис тоа не му одговараше, па се залепи зад болидот на Холанѓанецот. Поназад, Чарл Леклер конечно успеа да го престигне Ленс Строл за седмото место.
Во 15-от круг, токму кога првите капки дожд започнаа да паѓаат, Ландо Норис со Мекларен беа постабилниот болид и тргнаа во завршен напад на Макс Ферстапен и Холанѓанецот беше престигнат во Стоу.
Британецот се врати на третото место и имаше темпо да размислува за возачите Мерцедес АМГ.
Два круга подоцна, во 17-от круг, Оскар Пјастри го повтори маневрот и исто така го престигна Ферстапен во Стоу. Мекларен беше препороден, овие услови му одговараа 100%.
Со доаѓањето на дождот, на Луис Хамилтон не му требаше многу време да ја намали разликата во однос на Џорџ Расел и да го престигне во 18-от круг, исто така во Стоу.
Оттаму, трката имаше голем интензитет. Ландо Норис брзо го престигна Џорџ Расел, следен на ред беше Луис Хамилтон во 20 круг за негово водство на трката.
Оскар Пјастри беше во можност да ги повтори потезите на својот тимски колега и набрзо тимот на Мекларен се на најде на првите две места.
Во меѓувреме, Карлос Саинц Јр. беше блиску до Макс Ферстапен и се обидуваше да го престигне за 5-тото место! Неговиот тимски колега беше веднаш зад него. Дождот не беше доволен за да мора да се постават зелените интермедија гуми.
Но, Ферари се решаваат да го направат тоа со Чарлс Леклер, од Ред Бул решија да ги следат со Серџо Перез, но овој потег не помина добро. Ајде Ред Бул секако немаа никакви шанси за повисок пласман, но што мислеа стратегистите на Ферари?
Во 23-от круг Мекларен водеа во трката, возачите на Мерцедес АМГ беа веднаш зад нив, Макс Ферстапен и Карлос Саинц Јр. беа следни. Нико Хулкенберг беше седми, пред Фернандо Алонсо, Ленс Строл и Јуки Цунода.
Дождот стивна, но наскоро се очекуваа нови врнежи.
Овој дожд пристигна неколку круга подоцна и овој пат ги натера возачите да монтираат зелени интермедија гуми.
Први што тоа го направија беа Макс Ферстапен и Карлос Саинц Јр. на почетокот од 28-от круг, како и Нико Хулкенберг и Ленс Строл.
Еден круг подоцна, речиси сите поминаа низ пит-линијата Норис, Хамилтон, Расел, Алонсо, Цунода, Албон и Магнусен, а Расел го загуби четвртото место од Ферстапен поради тоа што Хамилтон имаше предност при двојниот пит-стоп на Мерцедес АМГ.
Во тимот на Мекларен се решија да го остават Оскар Пјастри на патеката еден дополнителен круг, поради истата причина со предноста која ја имаше Ландо Норис, па Австралиецот се врати на патеката зад Карлос Саинц Јр..
Влегувавме во еден поинаков момент во трката. Ландо Норис имаше три секунди предност пред Луис Хамилтон и осум секунди пред Макс Ферстапен, додека Џорџ Расел, Карлос Саинц Јр. и Оскар Пјастри беа малку подалеку.
Фернандо Алонсо, со запирање еден круг по Ленс Строл, ја промени позицијата со својот тимски колега и изгуби многу секунди. Дождот се очекуваше да трае неколку круга.
Во 34-от круг, на изненадување на сите, голем удар за Џорџ Расел. Неговиот тркачки инженер по тимското радио го извести дека тој мора да се повлече во својата гаража поради проблем со системот за ладење. Крај на трката за него. Карлос Саинц Јр. се искачи на четвртото место, Оскар Пјастри на петтото.
Дождот престана, а патеката се сушеше многу брзо. Останаа уште 18 круга до крајот на трката.
Луис Хамилтон го зголеми темпото и заостануваше помалку од две секунди зад Ландо Норис. Се ближеше времето да се премине на гумите за суво време.
Механичарите на Мерцедес АМГ реагираа први, во 39-от круг, потег кој го следеа Ферстапен, Пјастри и Алонсо.
Норис застана во следниот круг и ја загуби првата позиција од Хамилтон! Саинц Јр. исто така влезе на 40-от круг и го загуби четвртото место од Пјастри.
Останаа уште 12 круга, а Хамилтон имаше нешто повеќе од две секунди пред Норис и двајцата беа на црвени гуми. Макс Ферстапен заостануваше пет секунди зад лидерот, но на бели гуми, кои се секунда побавни од црвените, но прашањето беше дали најмеката смеша ќе ги издржи тие последни кругови.
Оскар Пјастри и Карлос Саинц Јр. веќе беа далеку, додека Нико Хулкенберг имаше добра предност во однос на Ленс Строл и Фернандо Алонсо. Имаше уште неколку битки кои требаше да се решат.
Последните кругови беа како спринт до целта. Ферстапен имаше многу повеќе темпо на белите пневматици и не му требаше долго време да го стигне Норис, кого го престигна во 48-от круг, ја врати услугата во Стоу за пласман на второ место.
Останаа уште 4 круга до целта, Хамилтон имаше три секунди пред Холанѓанецот. Макс стугна до 1.5 секунди, но тука се потрошија круговите од денешната трка. Луис Хамилтон со своето големо искуство ја задржа присебноста и конечно по долга пауза ја забележа неговата 104-та Ф1 победа.
Оскар Пјастри заврши зад првите тројца, додека Карлос Саинц Јр. застана во бокс во претпоследниот круг за да обезбеди најбрзиот круг и петтото место. Нико Хулкенберг беше шести, пред Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Алекс Албон и Јуки Цунода.
Чарлс Леклер и Серџо Перез, многу далеку од бодовите со погрешна стратегија.
ЕМОЦИОНАЛНА ПОБЕДА ЗА ЛУИС ХАМИЛТОН
7/07/2024 03:35:00 PM
0
Share to other apps