Оливер Берман повторно доби шанса за настап и го замени Нико Хулкенберг во тимот на Хас, како дел од програмата во која продолжува да се подготвува за неговата дебитантска сезона во Формула 1.
Тоа беше единствената новина на оваа тренинг сесија во која приоритет беше тестирањето на нови делови, а не поставување на брзи времиња.
Неколку тимови донесоа нови елементи за нивните болиди. Најмногу надградби беа монтирани на болидите на Ред Бул, Астон Мартин и Заубер.
Ферари донесе нов под во обидот да се ослободи од потскокнувањето на болидот. Астон Мартин ги монтираше новите елементи само на болидот на Алонсо за инженерите да можат да ги споредат добиените податоци.
Мекларенот на Пјастри имаше проблеми со хидрауликата на почетокот на сесијата, но неговите механичари релативно брзо го пронајдоа протекувањето и тој можеше да учествува во акцијата на патеката.
Возачите работеа со различни смеши, но на жешкиот асфалт црвените гуми не им дозволуваа да возат два брзи круга по ред, брзо губејќи ја ефикасноста. Температурата на асфалтот достигнуваше над 60 степени.
На втората тренинг сесија, закажана за 17:00 часот по македонско време, може да се очекуваат порелевантни времиња и споредба на перфомансите на тимовите.
ПРИЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА ТРКАТА ВО УНГАРИЈА