Подготовките за влез во највисоката класа на мотоспорт одат со полна брзина во Ауди.
Како дел од целосното преземање на сите акции од Заубер холдингот и поврзаното преуредување на контролната структура, сега се обновува менаџментот на идниот фабрички тим на Ауди.
На 1 август, поранешниот шеф на Ферари, Матија Биното се приклучува на проектот Ауди Ф1 и ќе ја преземе лидерската позиција во Хинвил.
"Среќен сум што успеавме да го регрутираме Матија Биното за нашиот амбициозен проект во Формула 1", вели Гернот Долнер, извршен директор на Ауди. "Со своето долгогодишно искуство од повеќе од 25 години во Формула 1, тој несомнено ќе може да даде одлучувачки придонес за Ауди."
Веднаш по неговото дипломирање во 1995 година се приклучи на Ферари, каде имаше различни позиции, од главен инженер до менаџер на одделот за мотори и технички директор. Во 2019 година тој дополнително беше назначен за тимски шеф на Ферари.
Во иднина, Матија Биното ќе биде главен оперативен и главен технички директор во манеџментот на Заубер, со одговорност за оперативното управување и спортскиот успех на тркачкиот тим.
Матија Биното ќе поднесува извештај до Одборот на директори на Заубер мототспорт. Одлуката за Матија Биното е дел од преуредувањето на контролната структура за идниот фабрички тим на Ауди.
Ова престројување обезбедува автономија и независност на проектот Ауди Ф1. Во овој контекст, Ауди го реорганизира менаџерскиот тим за своите активности во Ф1.
"Нашата цел е да го доведеме целиот проект до брзината на Ф1 со помош на јасни структури за управување, дефинирани одговорности, намалени преклопувања на надлежности и ефикасни процеси на донесување одлуки. За таа цел, тимот мора да биде способен да дејствува самостојно и брзо", вели Гернот Долнер, кој во иднина ќе ја преземе функцијата претседател на Управниот одбор на Заубер мотоспорт.
Оливер Хофман, претходно претседател на одборите на директори на сите компании Заубер, и Андреас Зајдл, претходно извршен директор на Заубер Моторспорт и Заубер Технологии, го напуштаат проектот како дел од преуредувањето.
Гернот Делнер: "Би сакал да им се заблагодарам на Оливер и Андреас за нивната важна работа во воспоставувањето на нашиот влез во Формула 1 и нивната посветеност во неговото подготвување."
АУДИ: БИНОТО ИН, ЗАЈДЛ АУТ
7/23/2024 09:47:00 PM
0
Share to other apps