Макс Ферстапен го имаше најбрзиот круг на многу краткиот и влажен саботен тренинг за Големата Награда на Белгија.
Последната сесија пред квалификациите беше одбележана со пристигнувањето на силен дожд и инцидентот на Ленс Строл. Како резултат на ова и зголемувањето на интензитетот на дождот беа развеани црвените знамиња.
Возачите излегоа на патеката на зелените интермедија гуми, а тековните услови може да бидат сосема слични и на квалификациите кои се закажани за 16:00 часот. Утрешната трка ќе биде на сув асфалт.
Доаѓањето на дождот ги промени плановите на некои тимови за остатокот од викендот. Во случајот со Мерцедес АМГ, тие го отстранија новиот под што го донесоа вчера и се вратија на претходната спецификација.
Со оглед на тешкотијата за добивање информации во овие услови, тимот ќе продолжи да го проценува по летната пауза во Зандворт.
Макс Ферстапен беше првиот што излезе на патеката и го забележа најбрзиот круг во овие услови. Тој, како и многу други возачи, ги искористија првите десет минути за возење, пред да почна да врне со поголем интензитет.
Во моментите кога дождот се засили, пристигна и првото црвено знаме за овој викенд. Ленс Строл ја загуби контролата над својот болид на искачувањето на Радилон и имаше среќа само да ја оштети левата предна амортизација.
Канаѓанецот беше однесен во медицинскиот центар за превентивен преглед, но набрзо пуштен.
Тренинг сесијата продолжи на неколку секунди пред самиот крај, колку да им се дозволи на возачите кои не беа излезени на патеката да ги почувствуваат временските прилики со своите болиди.
ДОЖДОТ ПРИСТИГНА НА СПА-ФРАКОРШАМП
7/27/2024 12:21:00 PM
0
Share to other apps