Макс Ферстапен немаше расположен ривал на дождливите квалификации за Големата Награда на Белгија.
Холанѓанецот беше очигледно најбрз и го победи Чарлс Леклер за речиси шест десетинки, но Моначанецот ќе стартува од Пол позицијата поради казната од 10 позиции за Макс, поради промена на моторот во неговата Хонда ПЕ.
Серџо Перез имаше кам-бек на врвот и ќе стартува од првиот ред. Од вториот ќе стартуваат Луис Хамилтон и Ландо Норис.
Денес, како што беше и најавено, гледавме квалификации во влажни услови од првата во Q1, до последната минута од Q3. И, иако Оскар Пјастри го забележа најбрзото време во Q1, вистината е дека Макс Ферстапен оттогаш беше јасен фаворит и никој не можеше да го победи.
Чарлс Леклер ја забележа неговата 25-та Пол позиција, но можеби најголемото изненадување дојде од Серџо Перез, со третото најбрзо време, но, ќе стартува од П2. Мексиканецот заостана само 11 илјадитинки зад Леклер и покрај тоа што возеше на користен сет интермедија пневматици.
Луис Хамилтон ги победи возачите на Мекларен, кои ќе стартуваат од петтата и шестата позиција. Сепак, најверојатно тие ја жртвуваа стартната позиција на сметка на утрешната трка, кога се освојуваат поени.
Карлос Саинц Јр. и покрај фактот што имаше нов сет од зелените пневматици, тој не успеа да ги доведе до оптималната работна температура во последниот брз круг и ќе стартува осми, зад Џорџ Расел со вториот Мерцедес АМГ, но пред Фернандо Алонсои Естебан Окон со кои завршува пласманот на најбрзите 10 возачи.
МАКС ДОМИНИРАШЕ, НО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА Е ЗА ЧАРЛС ЛЕКЛЕР
7/27/2024 03:34:00 PM
0
Share to other apps