Тимовите на Вилијамс и Ред Бул ќе имаат нови "дресови" на трката за Големата Награда на Британија.
Ред Бул го презентираше првиот фан базиран дизајн од серијата наречена REBL CUSTMS, со кој ќе настапат овој викенд во Силверстоун. Тоа е првиот од три фан базирани дизајни на RB20 во 2024 година. Наредните се за трките во Сингапур и САД.
Болидите на Макс и Чеко се редизајнирани за тркачкиот викенд во Силверстоун од страна на Чалај Суваниш, фан член на The Paddock клубот на Ред Бул. Ова е дел од кампањата на тимот под име Forever Rebl, со којапрославуваа јубилеј 20 години Ред Бул во Формула 1.
Дизајнот на РБ20, обоен во Stallion Red и замислен од Чалај Суваниш од Тајланд, и претставува инспирација од еднократниот изглед на РБ11 на предсезонските тест сесии во 2015 година, The Camo Bull.
Чалај Суваниш: "Сакав да се пријавам на натпреварот REBL CUSTMS затоа што шансата да го дизајнирам изгледот на мојот омилен тим е можност која се допбива еднаш во животот."
"Имав толку среќа што победив и сега ќе гледам трка во живо и се уште не ми се верува, не само што ќе присуствувам на Ф1 трка, туку и ќе гледам болид со мој дизајн на патеката!"
"Ја користев црвената боја за да ги претставам духот и силата прикажани во логото на Ред Бул и се инспирирав од начинот на кој Flow-vis боите се користат при аеродинамичко тестирање."
"Обожавам да гледам како Ред Бул победува и не можам да опишам како би било да го доживеам тоа чувство во живо на патеката."
Вилијамс, како и Ред Бул, подготвува специјална програма за домашното Британско ГП, а нејзината главна карактеристика е што фановите ќе ги видат болидите на тимот во нов дизајн.
Централниот дел на шарата ќе биде Union Jack, на кој ќе бидат претставени имињата на сите 1.005 вработени во Вилијамс.
Тимот, исто така, најавува дека нивната угостителска услуга ќе ја води готвачот со ѕвезда на Мишелин, Том Кериџ, а во неговото мени ќе уживаат сите вработени, партнери и гости на Вилијамс.
Дополнително, Џенсон Батон, Ф1 шампионот од 2009 година, ќе вози демонстративни кругови зад воланот на Вилијамс FW22, сега историскиот болид со кој се натпреваруваше во Формула 1 во својата дебитантска сезона во 2000 година.
Џејмс Воулс: "Силверстоун е секогаш еден од највозбудливите викенди во сезоната, и задоволен сум што централниот дел од нашата програма на нашата домашна трка ќе биде да им се оддаде почит на луѓето од Вилијамс."
"За да се осигураме дека ќе се вратиме на врвот, тимот на сите нивоа минува низ период на трансформација, а нашите луѓе и културата на Вилијамс ќе бидат клучни за нашиот иден успех."
"Ќе биде потребен огромен напор од сите во базата Гроув и на патеката во деновите на трката, а јас сум особено горд на истрајноста и издржливоста што оваа година ги покажуваме под притисок."
РЕД БУЛ И ВИЛИЈАМС СО НОВИ ДРЕСОВИ ЗА БРИТАНСКОТО ГРАН ПРИ
7/03/2024 03:47:00 PM
0
Share to other apps