Макс Ферстапен е ѕвер. Тој е сигурно најдобриот возач во моментов во Формула 1 и тоа сме го кажале многу пати. Но, сигурно не е робот, туку само човечко суштество, па секој има некоја слабост.
Во случајот со Холанѓанецот, тој веќе покажа дека блиската борба не му е најдобар адут, секогаш сака да биде близу до границите на дозволеното.
Годините минуваат, а Ферстапен не учи на ова поле, но стилот на тркање, т.е. навиката градена низ годините, да се трка во близина на границите на дозволеното не лесно се одвикнува.
Всушност, не знаеме и дали може да се направи тоа. Но, ако го немаш тој убиствен инстинкт можеш да се надеваш на Шампионска Титула? Со попуштање сигурно НЕ!
Но, како што имавме еден коментар на нашата Фб страница: "Сетете се на Силверстоун 2021, иста ситуација и плус и виновникот си победи. Само мене лично ми недостасуваат деновите кога ова ќе беше тркачки инцидент... Либерти Медија мора да размислува надвор од Воук кутијата и да адреналинот се осеќа и пред телевизорите."
И ние сме на иста бранова должина. Треба да се врати времето кога тркање беше тркање и по цена на инциденти, а не со тони правила, кој требало лево, кој не смеел десно и триста разни глупости при една обична борба за позиција.
Некој ќе рече безбедноста на прво место, ама овие Ф1 болиди се тенкови кога е во прашање безбедноста!
Вчерашната борба со Ландо Норис е многу слична на таа помеѓу Макс и Чарлс Леклер во Австрија 2019 година. Една трка подоцна, во Силверстоун, Чарлс ја направи својата лична "одмазда".
Ферстапен ја имаше трката под контрола. Изгледаше како типична трка во која Холанѓанецот добро стартува, го поставува своето темпо и бега.
Трката започна да добива друг тек во 40-от круг, кога Макс Ферстапен влезе во сообраќај на патеката, по што почна да губи значајни десетинки од предноста што ја имаше во однос на Ландо Норис.
Белите гуми ја изгубија работната температура, а Холанѓанецот не беше во можност да им побегне на возачите на Хас, кои мораа да го пропуштат поради плави знамиња.
Ландо Норис ја намали разликата на седум секунди, а неколку круга подоцна, во 45-от круг, на шест секунди.
Макс Ферстапен и Ландо Норис истовремено заминаа во бокс во 52-от круг, но механичарите на Ред Бул имаа проблеми и нивниот пит-стоп траеше огромни 6.5 секунди.
Поради лошиот пит-стоп, Макс Ферстапен ја изгуби предноста и кога се вратија на патеката таа изнесубаше само 2.2 секунди во однос на Ландо Норис. Во првиот круг на незагреани стари жолти гуми направи грешка, ги блокираше предните тркала во четвртиот свиок, што му овозможи на Британецот да се доближи во ДРС опсег.
Трката доби сосема подруг интензитет во битката за првото место. Кошкањата започнаа во 55-от круг, кога Ландо Норис се обиде со задоцнето сопирање (DIVE BOMB) во внатрешноста на третиот свиок, а Макс Ферстапен се одбрани со потег кој беше на граница на дозволеното.
Холанѓанецот се пожали дека нема грип на овој сет на пневматици, за разлика од Ландо, кој беше на нов сет на жолти пневматици и се жалеше на тимското радио дека Макс се движи под сопирање.
Во 59-от круг, Ландо повторно се обиде со доцно сопирање (DIVE BOMB) во внатрешноста на третиот свиок, но тој не можеше да го задржи болидот во границите на патеката и мораше да ја врати позицијата на Ферстапен на патот кон 4-от свиок.
Повторно во истиот свиок и со истиот маневар (DIVE BOMB) се обиде и во 63-от круг, но не успеа.
Се некако беше на границата на инцидент и тој дојде во следниот круг!
Во 64-от круг, Ландо имаше доцно сопирање (DIVE BOMB) од надворешната страна на третиот свиок и Макс повторно имаше минимално движеше под сопирање, предизвикувајќи минимален контакт кој имаше огромни последици.
Овој судир го донесе Џорџ Расел, ни крив, ни должен, во водство на трката.
Движењето на Ферстапен по денешни стандарди не е прифатливо. Тој минимално се помести под сопирање и предизвика контакт со Ландо, што резултираше крај на трката за Британецот. Макс беше казнет, но тие десет секунди не му ја сменија позицијата.
Ландо Норис го користеше оружјето на Макс. Во битките меѓу него и Хамилтон во 2021 година, што од тимот на Мекларен им се топ тема на изговор, Макс во многу наврати беше критикуван дека ги злоупотребува т.н. DIVE BOMBS.
Така да, Тото Волф е во право дека не може да се направи корелација на инцидентите на Хамилтон и Макс, со тој на вчерашната трка!
Но, како што кажавме од навиката тешко се одвикнува, секој возач не само Макс Ферстапен. Ваквата практика е нож со две сечива, некогаш работи во твоја полза, некогаш знае да те зафркне на големо.
Иако на вчерашната трка се заврши во негова полза, можеби второто место ќе беше многу подобро од 5-тото место и повлекување на ривалот поради малку "валкан" маневар.
Но, како што изјави и самиот Макс, дојден сум да се тркам, а не да попуштам. Не оставам место за два болиди, кога доволно е само половина. Ако не мислам да се тркам, ќе си седам дома.
И да повторно надмина одредени граници, но, сепак е најдобриот возач во моментов.
СИТЕ вклучени страни имаат одреден дел од вината, некои повеќе од другите.
1) Стратегијата на Ред Бул не изгледаше дека е на нивно врвно ниво од минатите трки. Кога Макс влезе во гужва со болидите на Хас и на негово барање да влезе во бокс требаше да му биде овозможено. На крај го чинеше толку многу драгоцени секунди од предноста во однос на Ландо.
Како можеа да веруваат дека со стар сет жолти пневматици, ќе му се спротистават на Мекларен со нов сет, по фактот од минатите трки дека Британците се екстра брзи со празен резервоар.
Страшно лош пит-стоп во најнезгоден момент!
2) Ландо со црно-бело знаме и потенцијална казна од 5 секунди, повторно со доцно сопирање (dive bomb) оди на се или ништо, надевајќи дека Макс ќе попушти прв!
Тука се зафркна, Макс да попушти, ни под разно! Не можете да форсирате "очајно" претекнување, а потоа да сте разочарани кога некој друг "очајно" се брани. Но, тоа што е погрешно, не го прави потегот на Макс исправен!
3) Што по ѓаволите чекаа стјуардите! Ако веќе Норис има казна од 5 секунди, зошто не се објави навремено! Апсолутно чисто како солза надминување на границите на патеката! Одлуката требаше да дојде многу порано и требаше да им овозможи на сите луѓе да направат информиран избор.
4) Сега за изборот на Макс. Тимот требаше да го извести за речиси сигурна казна за Норис и да се размислува кон напред и да се заврши трката во разлика од 5 секунди. Наместо тоа, тврдоглавоста на Макс стапува на дело и тој ја минува границата и предизвика судир и со право е казнет поради тоа.
5) Ред Бул како тим или Хорнер, дали за инает на некој го задржа Чеко во тимот? Со вакви мали разлики, не помага да се има 1 болид, кој се бори 5 останати.
Иако, Макс е моментално најдобриот возач, сепак не е семоќен!
ПОМИНУВААТ ГОДИНИТЕ, НО МАКС ФЕРСТАПЕН СИ ОСТАНУВА ИСТИОТ
7/01/2024 02:30:00 PM
0
Share to other apps