Оскар Пјастри ја забележа својата дебитантска Победа во Формула 1 со непотребни контроверзии од страна на Мекларен.
Австралиецот од самиот старт беше на пат да победи на трката за Големата Награда на Унгарија, но тој беше претекнат од Ландо Норис со најверојатно непотребното "жртвување" на неговата стратегија, по што Британецот со тешко срце ја врати првата позиција.
Оскар Пјастри одлично стартуваше, го презеде водството по првиот свиок и потоа лесно го диктираше темпото на трката. Ландо Норис удобно се смести на втората позиција, а двојната Победа на Мекларен изгледаше практично обезбедена.
Но, тимот влезе во неволја на неразбирлив начин. За време на вторите пит-стопа решија Ландо Норис да добие предност пред Оскар Пјастри за да се спаси од потенцијални напади од Мерцедес АМГ и Ред Бул, а се знаеше дека лесно ќе избие пред својот тимски колега. На Австралиецот му беше речено дека ќе ја добие првата позиција назад.
Речено-сторено. Ландо Норис по завршување на серијата на пит-стопови беше во водство пред Оскар Пјастри, кој пак не можеше да се доближи до него на помалку од 3 секунди.
Кога стана јасно дека Норис не размислува премногу на таа тема, започнаа незгодните разговори по тимското радио, кое беше пренесувано во директниот пренос. По многу "молење" Британецот реши да попушти два круга пред кајот и победата му припадна на Австралиецот, иако тимот се посрами за сите пари.
Макс Ферстапен се врати на старите патеки. Холанѓанецот повторно се сретна со Луис Хамилтон на пат кон подиумот и со многу агресивен маневар на Макс дојде до допир и конечно третото место му припадна на Британецот.
Чарлс Леклер заврши на четвртото место, пред Ферстапен и Карлос Саинц Јр. кој беше попречен од лошиот старт.
Понатаму, Серџо Перез и Џорџ Расел го завршија својот пробив низ гридот на седмото и осмото место, соодветно, додека Јуки Цунода беше деветти, а Ленс Строл, десетти.
Следната недела борбата ќе продолжи на патеката во СПА-Франкоршамп.
ДЕБИ ПОБЕДА СО НЕПОТРЕБНИ КОНТРОВЕРЗИИ
7/21/2024 02:36:00 PM
0
Share to other apps