Џорџ Расел ја предводеше тројката британски возачи на саботната тренинг сесија во Силверстоун со Луис Хамилтон втор и Ландо Норис трет, сите во разлика од помалку од две десетинки.
Карлос Саинц Јр. беше најдобар од останатите на четврто место, пред Ферстапен, Леклер и Оскар Пјастри.
Еден од деновите од тркачкиот викенд во Силверстоун речиси секогаш излегува дека е врнежлив. Оваа година тоа беше саботниот тренинг, барем засега. Дождот почна да врне утрото, спринтот во Формула 3 прво беше одложен, па префрлен за вечерва.
До почетокот на тренинг сесијата дождот стивна, но асфалтот остана влажен. Возачите возеа на зелените интермедиа гуми со надеж дека условите ќе се подобрат, но состојбата на патеката уште повеќе се влоши.
Осум минути по почетокот на тренингот, беа развеани црвените знамиња, кога болидот на Гасли се заглави во чакал покрај 16-от свиок. Пет минути им беа потребни на маршалите во Силверстоун да го отстранат болидот на Алпин.
Кон крајот од сесијата дождот повторно почна. Возачите се вратија во своите гаражи, а потоа излегоа со зелените гуми за вежби на стартните процедури.
Следуваат квалификациите кои се закажани за 16:00 MK. Прогнозата ветува подобро време до почетокот на квалификациите, но дождот и грмотевици ќе се вратат во недела.
БРИТАНЦИТЕ НАЈБРЗИ НА ДОЖДЛИВИОТ СИЛВЕРСТОУН
7/06/2024 12:14:00 PM
0
Share to other apps