По неколку недели шпекулации за иднината на Серџо Перез со оглед на неговата лоша форма, австрискиот тим предводен од Кристијан Хорнер и Хелмут Марко денеска одржа важен состанок на кој беше решено дека Мексиканецот и покрај сите шпекулации, ќе продолжи да вози за тимот.
Ред Бул ја потврди возачка постава за следната сезона пред неколку месеци со обновување на договорот на Серџо Перез за следните две години.
На мексиканецот му завршуваше договорот на крајот од оваа сезона и австрискиот тим по добриот почеток на сезоната реши да го обнови неговиот договор за задржување на стабилноста на тимот.
Сепак, откако беше обновен договорот, сезоната за нив доби неочекуван пресврт, а формата на Перез одеше во надолна линија. Инциденти, елиминации во Q1, трки без поени.
Настапи многу далеку од очекуваното и посакуваното, а што значеше дека неговиот континуитет во тимот повторно виси на конец, како што веќе се случи во 2023 година.
Хелмут Марко, кој отсекогаш бил многу критичен кон него, по трката за Големата Награда на Унгарија увери дека ќе донесат одлука за иднината на Мексиканецот по трката во СПА-Франкоршамп.
И по оваа трка тој истакна дека настапот на Перез не бил на очекуваното ниво, а дури и Кристијан Хорнер, кој отсекогаш бил по добронамерен кон него, изјави дека тоа не е она што сеочекува од возач на Ред Бул.
Како што пренесува холандскиот медиум De Telegraaf, тимот од Милтон Кејнс денеска одржа важен состанок и, конечно, одлучија Мексиканецот да продолжи во тимот.
"Чеко сè уште е возач на Ред Бул, и покрај сите шпекулации во последно време. Се надеваме дека ќе видиме добар настап на патеките каде што претходно се покажа добро по летната пауза", објави Кристијан Хорнер попладнево.
Со оваа порака на Хорнер се чини дека завршува уште една летна сапуница. Ред Бул се одлучи да продолжи со Перез, тие му веруваат и се надеваат дека тој повторно ќе се претстави на најдоброто ниво.
За да го провериме ова ќе треба да почекаме до следната трка во Холандија, од 23-25 Август, следниот настан во Формула 1 по летната пауза.
РЕД БУЛ ОДЛУЧИ, ПЕРЕЗ ОСТАНУВА ВО ТИМОТ
7/29/2024 11:41:00 PM
0
Share to other apps