Карлос Саинц Јр. ќе се трка за Вилијамс од 2025 година. По неколку месеци неизвесност, тимот од Гроув официјално објави дека шпанецот ќе се трка за нив во 2025, 2026 и понатака.
Саинц Јр. се сели од еден историски тим во друг. Ферари е најуспешниот тим во историјата на Ф1, но Вилијамс е втор по бројот на освоени титули кај конструкторите, девет.
Тоа ќе биде и петтиот тим за за Карлос Саинц Јр.. Тој возеше за Торо Росо, Рено, Мекларен и, од 2021 година до денес, Ферари.
Карлос Саинц Јр.: "Многу сум задоволен што можам да објавам дека ќе се приклучам на тимот на Вилијамс од 2025 година. Не е тајна дека овогодинешниот трансфер пазар беше исклучително сложен поради различни причини и ми требаше некое време да ја донесам мојата одлука."
"Сепак, јас целосно верувам дека Вилијамс е вистинското место за да го продолжам моето патување во Ф1 и навистина сум горд што се приклучувам на таков историски и успешен тим, каде што многу од моите херои од детството возеле во минатото и оставиле свој белег во нашиот спорт."
"Крајната цел е да се врати Вилијамс на вистинското место, на предниот дел од гридот, а тоа е предизвик со кој ќе се соочам со ентузијазам и позитивност. Убеден сум дека овој тим ги има сите потребни состојки за повторно да испише историја и, почнувајќи од 1 јануари, ќе дадам се од себе за да го одведам Вилијамс напред заедно со секој член на тимот."
"Сакам да му се заблагодарам на Џејмс Воулс и на целиот одбор на Вилијамс за нивната доверба и одлучност. Нивното лидерство и убедување одиграа важна улога во мојата одлука."
"Навистина верувам дека јадрото на секој успешен тим лежи во неговите луѓе и неговата култура. Вилијамс е синоним за наследство и чиста конкуренција, темелите на проектот пред нас се многу цврсти и навистина сакам да бидам дел од него почнувајќи од следната година. "
Договорот се состои од три основни фактори, кои го убедија шпанскиот возач да го избере тимот од Гроув.
Првиот од нив, флексибилност. Саинц Јр. потпиша за две сезони, со можност за продолжување на трета. Сепак, по првата година, односно 2025 година, Саинц Јр. ќе може да се упати во друг тим доколку има подобра понуда.
Детал што генерира одредена слобода за трансфер во друг тим доколку излезе слободно место во 2026 година, па оттука се одлучи за Вилијамс наместо Заубер/Ауди. Вилијамс е тимот кој му даде најголема слобода од сите со кои преговарал.
Вилијамс е во целосна реконструкција. Тие веќе неколку години работат на иден проект, па имаат веќе консолидиран технички тим, со присуство на познати и релевантни имиња.
Тимскиот шеф, Џејмс Воулс, беше шеф на стратегијата во Мерцедес АМГ за време на златната ера од 2014 до 2021 година, а исто така и во единствената, но успешна сезона на Браун.
Мет Харман, поранешен технички директор на Алпин, наскоро, исто така ќе дојде во Гроув. Тој ќе се придружи на засилувањето со четворица други инженери, кое што ги вклучува Фабриси Монкад, од Ферари каде што беше шеф на анализа на перформансите, Хуан Молина, менаџер за аеродинамика на Хас и Роберт Фрит, шеф на перформанси во Алпин.
Таа стабилност, која може да се продолжи на финансиско ниво во наредните сезони, беше уште еден од факторите во корист на Вилијамс. Но, зошто Вилијамс, а не, на пример, Алпин?
Врската со Мерцедес се чини дека е последниот фактор за неодамна потпишаниот договор. За разлика од францускиот тим, кој и да има мотори на Мерцедес ќе мора да работи со сегашната задна амортизација, додека тимот од Гроув имаат подолга врска со германскиот бренд, и го користат нивниот менувач и задната амортизација.
По потврдувањето на трансферот на Луис Хамилтон во Ферари, приоритет беше да се најде место во топ тим. Во оваа ситуација неговото име беше поврзувано со Ред Бул и Мерцедес АМГ, особено поради неговиот спектакуларен почеток на сезоната и неговата победа во Австралија.
Сепак, на крај вратите на Ред Бул и Мерцедес АМГ беа затворени. Во првиот случај, Австрискиот тим одлучи да го обнови договорот со Перез и да ја одржи стабилноста во тимот.
Во случајот со сребрените стрели, Волф изгледа подготвен да му даде шанса на Кими Антонели, доколку конечно не може да го "украде" Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул.
Оваа ситуација го натера Карлос да разгледа други опции. Првата што се појави во јавноста беше Ауди, потоа се појави интересот на Вилијамс и на крајот Алпин.
Моментално тимот од Гроув, со Алекс Албон и Логан Сарџент во своите редови е деветти на табелата кај конструкторите со девет бодови.
Сепак, ова е тим кој освои девет титули во минатото и Џејмс Воулс сака да најде начин да го врати на врвот. Во секој случај, Саинц Јр. има уште десет трки со Ферари во кои ќе се бори за пласман на победничкиот подиум.
СИТЕ ДЕТАЛИ: КАРЛОС САИНЦ ЈР. ГО ОДБРА ТИМОТ НА ВИЛИЈАМС
7/29/2024 10:05:00 PM
0
Share to other apps