Холанѓанецот започнува напред, со Чарлс Леклер и Ландо Норис не многу зад него. Карлос Саинц Јр. беше четврти.
Сепак, во центар на вниманието беше дебито на Италијанецот Антонели, кое не помина како што посакуваа во тимот на Мерцедес АМГ.
Втор дебитант, но како официјален возач на Вилијамс, беше Франко Колапинто.
Тој ќе ја вози оваа трка во Монца и останатите осум што остануваат до крајот на сезоната.
Вториот тренинг е закажан за 17:00 часот, кога ќе продолжи акцијата на храмот на брзината.
Жолтите гуми ги избраа мнозинството возачи за да ја започнат првата тренинг сесија, со исклучок на двата Ред Бул и двата Мерцедес АМГ, кои се решија за црвените, и Јуки Цунода, единствениот што започна со бели. Само во тимот на РБ избраа да ги поделат смешите меѓу своите двајца возачи.
Италијанецот кој ќе го замени Луис Хамилтон во тимот на Мерцедес АМГ следната сезона во првото излегување го имаше врвот на табелата, но неколку минути подоцна, го предизвика развејувањето на црвените знамиња.
Кими Антонели изгуби контрола над болидот во Параболика и заврши во заштитните бариери. Тоа не беше баш идеално деби за еден од најперспективните таленти моментално во мотоспортот, по што сесијата беше стопирана околу десет минути.
Во мегувреме единствениот болид на Мерцедес АМГ кој остана на патеката, оној на Луис Хамилтон, ја водеше сесијата во тој момент, иако Валтери Ботас, со нов сет на црвени пневматици, неколку минути по рестартирањето на сесијата го стави Заубер на врвот.
Тие и Вилијамс беа првите кои започнаа со квалификациски кругови и Финецот постави почетна референца од 1:22.127.
Водечките тимови ги започнаа своите брзи кругови на црвените пневматици во последните 20 минути од сесијата и Ферари сакаше да го покаже својот потенцијал уште од самиот почеток.
Времињата на Леклер беа малку побрзи од оние на Норис, а Саинц Јр. исто така беше на врвот и покрај тоа што имаше мала несигурност низ Параболика. Ландо Норис не можеше да го подобри времето на Леклер, но тоа го направи Макс Ферстапен.
Возачот на Ред Бул забележа време, кое на крајот од сесијата се покажа како најбрзо на првииот тренинг за Големата Награда на Италија. Дали ќе може да атакува на Пол позицијата на патека каде што никогаш не ја постигнал до денес, ќе покажат останатите тренинг сесии.
Добар почеток за Ферари со двата болиди при врвот и изненадувачки пласман на Валтери Ботас на петтото место на табелата.
Оскар Пјастри заврши шести, а Хамилтон седми, но возачот на Мерецедес АМГ немаша брз круг на нов сет црвени пневматици.
Алекс Албон беше осми, Серџо Перез деветти, а Алонсо ги комплетираше Топ 10 пласманот.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА МОНЦА